Дали ги разбирате пораките на животните?

Дали ги разбирате пораките на животните?

Во античко време, животните и растенијата биле силно поврзани со сите божествени работи. Божицата Атена го сметала бувот за свето животно, а Посејдон го чувале коњи. Луѓето ги доживувале животните како тотеми и верувале во пораките што им ги пренесуваат. Но, и денес тоа може да биде така.

Був

Дали ги разбирате пораките на животните?

Бувот е синоним за мудрост. Ако сретнете був по патот, тоа може да навестува некоја непосредна опасност или пак, ќе добиете одлична вест и вашиот живот драстично ќе се промени. Кога ќе видите був, верувајте ѝ на вашата интуиција. Бувот се доживува како кралска птица која ви кажува дека ќе бидете успешни.

Пајак

Дали ги разбирате пораките на животните?

Исто како бувовите, и пајаците се поврзани со божицата Атена. Бидејќи мрежата што ја плетат ја покажува поврзаноста со природата, пајаците се сметаат за свети суштества. Ако видите пајак, тоа ќе ви донесе среќа во работата. Пајакот е и синоним за пријателство и врски. Па затоа, нема потреба да ги убивате пајаците, само избркајте ги од вашата куќа.

Мачка

Дали ги разбирате пораките на животните?

Ако по патот ве следи непозната мачка, тоа не е случајно. Мачките се персонификација на интуицијата и кога ќе се појават пред вас без причина и ненајавени, тие ви сугерираат подобро да го слушате вашето срце. Мачките ја симболизираат скриената моќ што ја носите во себе и на која треба да посветите поголемо внимание. Белата мачка симболизира плодност и романса, портокаловата или жолтата мачка симболизираат духовни патувања, додека црната мачка симболизира мудрост и промена на плановите.

Врана

Дали ги разбирате пораките на животните?

Овие црни птици често се перципираат како предвесници на смртта, но во реалноста тие носат и лоши и добри пораки. Тие се персонификација на вистината и на искреноста. Античките богови, како што се Аполон, Хера и Аклепиј, ги обожавале овие птици. Ако видите врана, бидете подготвени дека вистината наскоро ќе се открие пред вас. Нашите предци верувале дека вистината им се открива само на оние што се подготвени за неа, така што нема зошто да се плашите. Наскоро ќе дознаете нешто важно.

Зајак

Дали ги разбирате пораките на животните?

Зајаците ја означуваат пролетта затоа што обично се појавуваат во голем број во зима. Тие се размножуваат многу и затоа симболизираат плодност и изобилство. Сакаат да играат во тревата, да копаат дупки и да бараат храна. Некои луѓе веруваат дека тоа се всушност самовили и вештерки кои ја смениле својата форма. Ако зајак ви го пресече патот, очекувајте некоја вест што ќе ве израдува. Верувајте му на универзумот!

Бубамара

Дали ги разбирате пораките на животните?

Бубамарата е универзално признат симбол за среќа. Кога ќе видите бубамара, верувајте дека ќе се случи нешто убаво. Таа носи радост, ги ублажува проблемите и ве расположува без оглед на ситуацијата. Ако видите бубамара, тогаш треба да знаете дека ќе победите или треба со сето срце да верувате дека сè ќе биде добро.

Прочитајте повеќе факти за животните што може да ги споделите со пријателите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар