Како да се справите со соседите-шпиони?

Како да се справите со соседите-шпиони?

Имате соседи кои постојано ви ѕиркаат во куќата и ви прават проблеми? Не сте единствени. Соседите-шпиони се, за жал, честа појава, но и со нив може да се излезе на крај.

Како да се справите со соседите-шпиони?

Сите би требало да имаме мир во својот дом. Тоа е нашето место за релаксација и сè што сакаме, по работните обврски, е мирно да уживаме во домот или во дворот. Но, понекогаш нашиот мир го нарушува непримерното однесување на некои наши соседи. Со овие неколку совети ќе може да ги „превоспитате“ соседите, а постои лек дури и за „тврдите ореви“.

„Тивка“ борба

Ако соседите имаат навика често да ѕиркаат во вашиот двор, па и во домот, размислете за „жива“ ограда. Засадете високи брзорастечки џбунови или зелена ограда (постојат дури и убави вештачки украсни огради). Кога ќе им го блокирате погледот можеби ќе се откажат од таквото однесување.

И следниот пат кога ќе ги фатите како ѕиркаат во вашиот двор, спуштете ги ролетните, ставете завеси, заштитете се од несаканите подѕирнувања во вашата приватност. На некои од нив им е само досадно, а вие изгледа сте им навистина забавни, како во серија. Мора да им дадете на знаење дека вие нема да бидете само уште една епизода од серијата што тие сакаат да ја гледаат.

Игнорирањето исто така може да биде ефикасно, ако издржите. Можеби влегуваат непоканети во дворот или куќата? Најдете банални изговори или едноставно замолете ги да дојдат подоцна и затворете ја вратата. Ако премногу „душкаат“ или се распрашуваат игнорирајте ги и завртете ја приказната на „другата воденица“ или пак, само свртете се и продолжете си со работата во градината.

Запознавање и смешкање

Ако забележите дека некој директно гледа во вашиот двор, без и малку обѕир, мавнете му со раката и испратете му поздрав полн со насмевки. На некои што сакаат само „тивка“ шпионажа тоа може да им стане многу незгодно.

Исто така, кај овој вид соседи постои и друга страна на приказната. Постои можност и да грешите. Можеби станува збор за осамени луѓе, желни за внимание и дружење или тие едноставно сакаат да ви помогнат. Затоа прво запознајте ги, па потоа судете ги.

Како да се справите со соседите-шпиони?

Последни мерки

Со соседите не треба директно да се судирате и да се карате, ама кога следниот пат ќе видите како ви ѕиркаат во дворот, слободно прашајте ги дали има некој проблем или им треба нешто. Гледајте ги директно во очите, заземете став и дајте им до знаење дека вам ви е многу важна вашата приватност.

Последната мерка која можете да ја преземете е да повикате полиција и тоа кога ќе забележите дека ви шетаат низ дворот во текот на ноќта, или чепкаат по вашите работи.

Но, секако, секогаш прво пробајте некоја од гореспоменатите тактики.

Ако сакате да видите и како изгледаат љубопитните соседи од страна, ова куче ќе ви покаже.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар