Каква музика може да го подигне вашето расположение?

Каква музика може да го подигне вашето расположение?

Каква музика пуштате кога сте тажни? Дали се тоа некои весели ноти за подигнување на расположението или пак, можете да слушате само балади? Ние ви откриваме што велат најновите истражувања кога станува збор за музиката и за подобрувањето на расположението.

Каква музика може да го подигне вашето расположение?

Според неодамнешните истражувања, веселата и енергична музика нема ефект врз вашето расположение ако сте тажни. Ако сте вознемирени, експертите велат дека треба да слушате само тажна и меланхолична музика што ќе одговара на вашата моментална емотивна состојба.

Анкетата спроведена на над 700 студенти од Универзитетот во Берлин покажала дека слушањето музика навистина може да предизвика позитивен одговор кога станува збор за чувствата, а сето тоа е засновано врз одговорите дадени од анкетираните.

Каква музика може да го подигне вашето расположение?

Анкетираните одговарале на прашањето какви чувства буди кај нив тажната музика, а најчестите одговори биле дека тоа се чувствата на мир, носталгија и разнежнетост.

Научниците велат дека најважната работа кога станува збор за слушањето тажна музика е тоа што му овозможува на слушателот да доживее тага без никакви импликации по неговиот реален живот, а кога песната ќе заврши, тој нема да доживеете никаков стрес или загуба. Исто така, откако ја ислушале тажната музика, учесниците во ова истражување имале силно чувство на емпатија и можеле да сочувствуваат со изведувачот.

Каква музика може да го подигне вашето расположение?

Податоците од ова истражување велат дека повеќето луѓе поврзуваат одредени проблеми во врската со одредена песна или некоја песна ги потсетува на раскинувањето со саканиот. Многу од нив дури потврдиле дека тажната музика им помогнала да го поправат лошото расположение. Учесниците, од друга страна, сведочеле дека генерално слушаат весела музика додека се забавуваат, возат автомобил или додека се на работа. Во овие случаи, не е потребно регулирање на расположението бидејќи чистењето или возењето на пример, не се активности при кои е неопходно да се подигне расположението.

Без разлика на тоа во каква состојба се наоѓа вашиот ум, истражувањата покажале дека тажната музика секогаш ќе има позитивен ефект врз вашето расположение и врз состојбата на духот, а стручните лица велат дека баладите повеќе будат романтични отколку тажни чувства.

Можеби сакате да прочитате и за 3-те чудни и изненадувачки начини на кои музиката влијае на вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар