Дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак?

Невозможно е да влијаете на соништата, дури и кога живеете совршена реалност со партнерот, па во продолжение прочитајте што значат соништата во кои го изневерувате партнерот.

Дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак?

Неверство со личност што ја познавате

Ако ве гризе совеста затоа што сонувавте дека водите љубов со вашиот шеф или пријател, тој сон не значи дека навистина сакате да имате односи со таа личност, туку само дека голем дел од вашето внимание во текот на денот е насочено кон таа личност, па затоа е сосема нормално да се појавува и во вашите соништа.

Неверство со личност што не ја познавате

Зад ваквите соништа се крие нерешен проблем. Имено, според мислењето на психолозите, водењето љубов со непозната личност во сон значи дека нешто криете од партнерот или дека сте го излажале, така што сето тоа се манифестира во форма на измама во сонот.

Неверство во кое партнерот ве открил

Исто како и неверството со непозната личност, неверството во кое вашиот партнер ќе ве открие во текот на чинот значи дека ве гризе совеста. Иако можеби нема веднаш да бидете свесни за што може да се работи, размислете дали криете нешто од вашиот партнер.

Прочитајте кои знаци од соништата ви покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар