15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсичен

15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсичен

Фазата на заљубеност не трае вечно и сосема е нормално да имате расправии во бракот или во долгата врска, но постои разлика помеѓу нормална расправија и токсичен однос. Главниот знак за токсичен однос е кога чувствувате дека врската е повеќе дисфункционална отколку функционална, а во продолжение прочитајте кои други знаци откриваат дека сте во токсична врска.

15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсичен

1. Долги напнати периоди без да разговарате

Отвореноста и довербата се клучни за здрав однос. Ако не комуницирате, оставате простор за појава на други негативни емоции како што се лутината и бесот. Нема да најдете решенија за вашите проблеми ако не кажете отворено како се чувствувате.

2. Избегнувате разговори за емоциите

Тоа доведува до огорченост, емоционална отуѓеност и проблеми што на крајот ќе ја надминат емоционалната блискост. Не е добро да ги чувате емоции во себе и не е во ред да не прифатите разговор во кој вашиот партнер ги искажува своите чувства.

3. Расправијата завршува полошо отколку што започнала

Ова доведува до фрустрации кои само се насобираат. Договорете се за основните правила на комуникација за решавање на несогласувањата. Бирајте ги зборовите додека разговарате и воздржете се од изговарање нешто што може да ве натера да се покаете подоцна.

4. Вашиот партнер е претерано критичен кон вас

Ова е често знак дека партнерот е несигурен во себе и незадоволен. Критичноста во овој случај е еден од одбранбените механизми кога едниот партнер преку критики го пренесува своето незадоволство на другиот партнер.

5. Чување тајни

Токсичноста може да доведе до чување тајни за кои знаете дека може да му наштетат на вашиот партнер.

6. Не го вклучувате партнерот во друштвените активности и поради тоа се чувствувате виновни

Да имате време за себе и за пријателите е добро и неопходно, но ако се чувствувате виновни за тоа или партнерот ви замерува за тоа, тоа би можело да значи дека сте во токсичен однос.

7. Не сте ги решиле прашањата од минатото

Ако повеќе пати сте го фатиле партнерот во лага и се чувствувате изневерено, ви треба долг и сериозен разговор. Искреноста и разбирањето ќе ја поправат недовербата.

8. Контролирање на партнерот

Ако сте премногу опседнати со контролирање на вашиот партнер, тоа може трајно да ја загрози врската. Потребата за контрола потекнува од стравот од непознатото. Оној што го контролира партнерот всушност чувствува страв и вознемиреност. Најдобро е да откриете што го предизвикува таквото однесување.

9. Изневерување

Неверството е најголемиот виновник за недовербата кај партнерите. Мора да одлучите како ќе го решите овој проблем, дали ќе простите и ќе се обидете да продолжите понатаму.

10. Не се трудите

Ако двајцата партнери не се вложуваат подеднакво во врската, тоа би можело да заврши лошо. Дајте сè од себе и обидете се да го мотивирате вашиот партнер и тој да се труди повеќе.

11. Се чувствувате помалку вредни

Запрашајте се дали престанавте да ги правите работите што ве правеле среќни и дали се чувствувате полошо. Ако одговорот е да, а партнерот не го забележал тоа, тоа значи дека врската не е стабилна.

12. Отсуство на физичка блискост

Престанавте да имате секс и да се галите? Можеби тоа не ви претставува проблем, но поврзаноста и физичките допири се многу важни во врската. Пред да заклучите дека врската е осудена на пропаст, запрашајте се што можете да направите за да ја спасите.

13. Чувствувате неизвесност

Несигурноста не значи дека вашиот брак е завршен, но може да биде стресно ако постојано имате чувство дека нешто не е во ред. Ова, заедно со другите знаци за токсичен брак, може да биде причина за загриженост.

14. Вашите вредности се разликуваат од вредностите на вашиот партнер

Сакате да заштедите пари за дом, а вашиот партнер сака да троши на патувања. Бракот бара компромис, а ако едниот партнер не сака да преговара, иднината е неизвесна.

15. Физички конфликт

Ако не се чувствувате сигурно во врската, можеби е подобро да се оддалечите.

Прочитајте како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар