7 знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот

Се смета дека соништата се серија мисли и чувства кои се случуваат додека спиете. Вашето тело е апсолутно мирно додека спиете, а сонувате за нешта кои се забавни, романтични, страшни, а понекогаш и нелогични.

7 знаци од соништата кои покажуваат дека се сеќавате на минатиот живот

Постојат два вида соништа, оние што ги помните и оние што ги заборавате. Соништата што ги помните имале големо влијание на вашиот ум, а понекогаш имаат и некое значење. Во овие соништа постојат некои знаци кои укажуваат дека се сеќавате на вашиот минат живот, без разлика колку чудно звучи тоа.

1. Луѓе и места кои не постојат

Луѓето и местата имаат најголем удел во вашиот секојдневен живот. Понекогаш ги заборавате, но кога ќе ги споите можете да се сетите на нешто и да формирате цела слика. Кога гледате луѓе кои припаѓаат на сегашниот живот знаете за кој станува збор. Но за минатиот живот важи спротивното.

2. Се однесувате и изгледате поразлично во соништата

Секој имал сон во кој едвај се препознал. Ова е знак за вашиот минат живот. Вашето лице можеби останува исто, но сè друго во врска со вас е различно. Вашето однесување, опкружување, па дури и името може да биде различно.

3. Исти соништа без некои големи промени

Иднината се менува во зависност од вашите постапки во сегашноста. Поради ова соништата кои зборуваат за вашата иднина постојано се менуваат. Ова не важи со соништата од минатиот живот. Сè што се случува останува исто без разлика колку пати го гледате. Причината е тоа што овие настани веќе се случиле и не можете да ги промените.

4. Сегашните повреди и несреќи се присутни и во соништата

Нештата што ви се важни секогаш имаат корења во минатото. Ова е само едно од чудните нешта што ги прави нашиот ум. Ако се соочувате со сериозна повреда во сегашниот живот, можно е да ја најдете на истото место во соништата поврзани со минатото.

5. Постојано чувство дека нешто недостасува

Соништата директно или индиректно ги претставуваат нашите најдлабоки желби. Ако навистина сакате нешто во сегашниот живот, ќе откриете дека ви недостасува и во минатиот живот.

6. Дежа ву

Речиси секој има искусено дежа ву. Чувството е како одново да преживувате некој момент. Едноставно знаете што ќе се случи или што следно ќе каже некој.

7. Се чувствувате постари

Се верува дека душата живее засекогаш а умира само телото. Но некои луѓе чувствуваат малку повеќе. Се чувствуваат како нивната душа да има милион години. Таа е растргната и изморена од текот на времето. Нивниот пристап кон работите е многу поразличен од оној на луѓето на нивна возраст. Ова е знак дека вашата душа е можеби реинкарнирана.

Дознајте и што сте биле во минатиот живот според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар