Ледено кафе со портокал и кардамом

Прекрасно летно освежување!

Потребни состојки:
  • Коцки мраз
  • 250 грама зрна кафе
  • 2 портокали
  • 5 зрна кардамом
  • 1900 милилитри вода
Начин на подготовка:

Најпрво олупете ги портокалите и слободно изедете ги веднаш бидејќи нема да ви бидат потребни за овој рецепт. Изрендајте ја кората, така што ќе го вклучите само горниот, најпортокалов дел, целосно избегнувајќи го белиот слој. Потоа отворете ги зрната кардамом и искршете ја внатрешноста на ситни парчиња. И за крај, смелете ги зрната кафе.

Во посебен сад, ставете ја изренданата кора, искршениот кардамом, водата и кафето во прав. Важно е да ги ставите сите состојки одеднаш за да добиете поинтензивен вкус. Покријте го садот и оставете го да отстои на собна температура, околу 24 часа. Потоа исцедете го низ филтер, сипете го во друг сад и ставете го во фрижидер за целосно да се олади.

При послужување, прво наполнете ги чашите со ледени коцки, а потоа додајте го кафето во нив. По желба, оставете малку простор за млеко или друг додаток по ваш избор. Исто така слободно засладете го ако сакате да ви биде поблаго.

Време е за првата голтка. Вредеше тоа што чекавте цел ден, се согласувате? Ако ви се допадна овој рецепт, можеби би уживале и во турско кафе зачинето со кардамом.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар