8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Здравите навики не се единствената работа што може да ви го зголеми животниот век, но постојат некои знаци што може да укажат на тоа дека ќе живеете долг живот. На пример, можеби имате крупно тело и јадете многу, но доколку немате масти на стомакот, тоа може да биде голем бонус на патот кон долг живот.

Погледнете што друго може да сигнализира дека имате уште долги години пред вас.

1. Изгледате помладо

9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Интересна студија била спроведена од научници од Данска. Тие од 2001 до 2013 година набљудувале 187 пара близнаци. На крајот, забележале дека близнакот кој изгледал помладо, имал подолг животен век.

2. Вие сте жена

9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Научниците сугерираат дека жените генерално живеат подолго од мажите од 6 до 8 години. Ова можеби произлегува како резултат на биолошката предност на жените, но и поради разликите во однесувањето помеѓу мажите и жените.

3. Го родивте првото дете по 33-тата година од животот

9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Некои истражувачи донеле заклучок дека доколку добиете дете по 33-годишна возраст, можеби ќе живеете подолго. Тие го поврзуваат тоа со репродуктивниот систем на жената. Доколку тој старее бавно, побавно ќе старее и остатокот од телото.

4. Индексот на вашата телесна маса е помеѓу 18,5 и 25

9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Една студија открива дека дебелината може да го направи вашиот животен век пократок. Научниците, исто така, велат дека нормалниот индекс на телесна маса е помеѓу 18,5 и 25. Ова е препорачаниот број кој може да ве одржи поздрави. Индексот на прекумерна тежина е помеѓу 25 и 30, додека пак обезноста има индекс помеѓу 30 и 35.

Како да пресметате индекс на телесна маса?

Индекс на телесна маса е формула која ги користи параметрите за тежина и висина при проценка на телесна маст. Се дели тежината на личноста изразена во килограми со нивната висина изразена во метри квадратни. Таа лесно може да се пресмета на Интернет.

5. Немате масти околу стомакот

Маснотиите околу стомакот, дури и кај луѓе кои немаат прекумерна тежина, би можеле да бидат причина за срцеви заболувања кои влијаат на тоа колку долго ќе живеете. Оваа сугестија е дадена од истражувачи кои следеле пациенти од 2000 до 2016 година. Според нив, маснотиите околу стомакот се поопасни од дебелината. Тие забележале дека мускулите се како метаболички магацин и помагаат да се намали нивото на шеќер во крвта.

6. Спиете доволно

8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Времетраењето на сонот е важно според некои истражувања. Спиењето помалку од 5-7 часа во текот на ноќта може да го намали вашиот животен век за 12%. Експертите препорачуваат различно траење на сонот за секоја возрасна група:

  • Адолесценти (18-25 години) 7-9 часа
  • Возрасни (26-64) 7-9 часа
  • Постари возрасни ( 65+) 7-8 часа

7. Десничари сте

8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Ова не е 100% докажано, но сепак, некои студии забележале дека луѓето кои почесто ја користат десната рака имаат тенденција да живеат подолго.

8. Вие сте висока жена

8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

Интересно е, но постои научни студии кои велат дека високите жени имаат поголема веројатност да доживеат 90 годишна возраст. Но, висината на мажите не е поврзана со долговечноста. За мажите, вежбањето подолго од 60 минути на ден е клуч за здрав и подолг живот.

Можеби сакате да ги прочитате и 11-те правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар