11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Сувата кожа е најчестиот проблем кај жените и голем дел од нив трошат премногу пари за да го решат овој проблем што може да доведе до брзо стареење. Но, важно е да знаете како да ја користите козметиката за да не ја оштетите кожата уште повеќе. Внимавајте на овие детали што се важни за негата на телото и кои можат да го променат вашиот квалитет на живот.

1. Маските од глина треба да ги оставате на лицето кратко време

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Одлично е да користите маски ако сакате кожата на лицето да изгледа помладо, но можете да му наштетите уште повеќе доколку ги користите погрешно. Важно е да знаете дека, според дерматолозите, глината го апсорбира вишокот масло. Подобро е да не ја оставате на лицето премногу долго бидејќи вашата кожа може да стане многу сува.

Следете ги препораките за правилно користење на производот или исплакнете го лицето по 2-5 минути откако ќе почнете да чувствувате затегнатост.

2. Следете одреден редослед при примена на козметиката

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Секогаш треба да започнете со нанесување на производите со најлесната конзистентност. На пример, прво тонер, а потоа серуми и ампули. Кремот за сончање треба да биде последен.

Кремот за сончање треба да го нанесувате на вашата кожа секој ден, а не само во лето. Дури и 10-15 минути изложеност на сонце дневно може да ја оштети вашата кожа и да го забрза процесот на стареење.

3. Изберете ден за релаксирање во текот на неделата

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Ова можеби ви изгледа како едноставно и лесно правило, но многумина веројатно не одвојуваат време за да се опуштат. Истражувањата покажуваат дека нивото на стрес на работа е повисоко од кога било и скоро 50% од работниците доживуваат стрес на работното место. Дури и прескокнувањето на паузите може да доведе до хроничен стрес и исцрпеност.

Одредете еден ден во неделата во кој ќе се ослободите од обврските, од работата и од постојаното размислување. Овие денови може да го променат вашиот живот на подобро, бидејќи може да го зајакнат вашиот имунолошки систем.

4. Не сончајте се ако имате нови лузни

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

За да спречите брзо стареење на вашата кожа, треба правилно да се грижите за вашите лузни. Можеби ќе се повредите случајно, но не треба да заборавите дека лузните можат да останат долго на вашата кожа и да продолжат да растат дури и откако самата рана ќе се излечи. Подобро е да избегнувате сончање ако имате свежи лузни и ако тие се на видно место, треба да нанесувате крем за сончање секогаш кога ќе излезете.

Заштитата од сонце може да го намалат обезбојувањето што го прават лузните. Лекарите советуваат да користите крем за сончање со висок заштитен фактор.

5. Не откажувајте се од чоколадото

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Ако одлучите целосно да го исклучите чоколадото поради вашата диета, можеби ќе сакате да се премислите. Како прво, на телото му треба шеќер за да има енергија. Второ, темното чоколадо е здраво. Какаото е богато со елементи наречени флаваноли кои може да помогнат во заштитата на срцето. Темното чоколадо содржи 2-3 пати повеќе материи богати со флаваноли отколку млечното чоколадо. Исто така, флаванолите помагаат во подобрувањето на протокот на крв и во намалувањето на крвниот притисок.

6. Не водете се според популарните диети

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Ако слушнете дека некоја диета е многу популарна, немојте да верувате дека е таа е 100% ефикасна. Секогаш проверувајте ги фактите за исхраната и за тоа како функционира диетата. Покрај тоа, секое тело е индивидуално и тоа што е корисно за една личност, можеби нема да биде за друга и дури може и да ѝ наштети.

7. Носете различни видови потпетици

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

За вашите нозе и стапала да бидат здрави, треба да носите различните видови чевли и различна височина на потпетиците. Не треба да носите рамни чевли цело време затоа што мускулите на нозете може да се издолжат. Или обратно, ако носите високи потпетици, мускулите може да ви бидат пократки.

8. Направете пилинг на пазувите

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Пилингот на пазувите треба да го правите еднаш или двапати неделно и така ќе го стимулирате обновувањето на клетките и чистењето на порите. Но, кожата под рацете е многу чувствителна, па пилингот треба да го правите многу нежно.

9. Вежбајте веднаш откако ќе научите нешто ново за да ја подобрите вашата меморија

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Според истражувањата, треба да вежбате веднаш по учењето со цел да ја подобрите вашата меморија. Според научниците, луѓето кои вежбале 4 часа по учењето, помнеле повеќе информации од останатите. Веројатно нема да вежбате толку долго, но треба да знаете дека активноста и меморијата се поврзани една со друга.

10. Избегнувајте социјална изолација за да изгледате помладо и за да ја зголемите енергијата

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Забележано е дека луѓето кои немаат пријатели или социјален живот стареат побрзо. Лекарите сугерираат излегување со пријателите барем еднаш неделно. Тоа ќе ви ги подобри здравјето и расположението и ќе ви помогне да го избегнете предвременото стареење.

11. Пијте повеќе течности ако не сте спиеле доволно

11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате

Спиењето 6 или помалку часови го зголемува ризикот од дехидратација за 59%. Ако не спиете 7 до 8 часа на ден, пијте повеќе вода за да го обновите балансот на вода во вашето тело.

Прочитајте ги овие бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар