7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Порано, циметот се сметал за луксузен зачин, но денес може да се најде во речиси секоја кујна. Овој обичен зачин е повеќе од само вкусен додаток во колачи и може да ви помогне да имате беспрекорна кожа и да ја подобри вашата благосостојба. Во продолжение прочитајте како може циметот да ви биде од корист за здравјето и за изгледот.

1. Може да ја намали појавата на акни

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Циметот има антибактериски својства што се корисни за лекување на акните. Овој зачин може да ги уништи бактериите и габите што предизвикуваат создавање дамки. Исто така, циметот е одличен извор на моќни антиоксиданти што го штитат вашето тело од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Тие може да предизвикаат воспаление на кожата, а кога ќе се случи тоа, вашите пори се затнати, што доведува до појава на акни.

2. Ги спречува знаците на стареење

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Слободните радикали може да придонесат за предвремено стареење на кожата, предизвикувајќи појава на брчки, пигментација и сува кожа. Антиоксидантите во циметот го забавуваат овој процес со тоа што ги штитат клетките од ова оштетување. Циметот може да го поттикне производството на колаген, бидејќи содржи елементи во трагови за кои се докажа дека го зголемуваат нивото на колаген.

3. Тенот на вашата кожа е изедначен

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Циметот ја подобрува циркулацијата, носејќи крв и кислород во кожата. Содржи астрингент, хемикалија што ги намалува или ги стеснува ткивата. Поради тоа, вашата кожа може да изгледа помазна и порамномерна и циметот може да ги подобри здравјето и изгледот на кожата.

4. Има антиинфламаторни својства

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Воспалението му помага на вашето тело да се бори против вирусите и да го обнови оштетеното ткиво. Но, ако е насочено против сопствените ткива на вашето тело, тоа може да стане опасно. Истражувањата покажаа дека циметот има антиинфламаторни својства и може да го намали отокот.

5. Може да го намали ризикот од срцеви заболувања

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Според едно истражување, додавањето цимет во вашата исхрана може да ви помогне во одржувањето на здравјето на срцето. Во истражувањето било откриено дека стаорците што се хранеле со многу мрсна храна со цимет, за 12 недели се здебелиле помалку за разлика од тие што јаделе мрсна храна без цимет. Исхраната богата со мрснотии може да доведе до срцеви заболувања, а додавањето цимет во вашата храна може да помогне во неутрализирањето на овој ризик.

6. Помага при слабеење

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Циметот е богат со растителни влакна. Тоа ви дава чувство на исполнетост и ви помага да се борите со желбата за храна. Исто така, го забрзува метаболизмот бидејќи вашето тело користи повеќе енергија за обработка на зачинот отколку на другата храна.

7. Може да ја подобри меморијата7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна

Циметот може да го забави стареењето на мозокот и да го намали оксидативниот стрес на мозочните клетки. Исто така, ја стимулира хипокампалната пластичност, дел од мозокот поврзан со меморијата. Докажано е дека овој зачин подобрува некои од симптомите на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Прочитајте што се случува со вашето тело кога јадете зачинета храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар