5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијата

Сите можеме едногласно да се согласиме дека кучињата се одлични пријатели кои секогаш знаат како да ни го подобрат расположението, но едно ново истражување открило дека некои раси можат да помогнат дури и во борбата против депресијата.

Истражувањето ги анализирало различните раси на кучиња фокусирајќи се на оние кои би можеле да го подобрат менталното здравје на луѓето. Повеќето раси на кучиња знаат како да ги направат среќни нивните стопани, но некои се посклони кон гушкање и љубов.

Тимот истражувачи вели дека домашните миленици можат да ни помогнат во тешките времиња, особено кучињата кои се многу интуитивни, па можат лесно да ја препознаат и почувствуваат промената на расположението кај нивните стопани.

1. Лабрадор

Лабрадорите се разиграни и среќни кучиња кои можат лесно да се издресираат. Поради овие нивни карактеристики тие се омилени кај многу семејства, особено кај оние со мали деца.

5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресија

2. Вижла

Овие кучиња се многу мили и многу лесно се приврзуваат со своите стопани. Ако сакате да посвоите куче кое секогаш ќе биде до вас и ќе сака да се гушка, тогаш одберете ја оваа раса.

5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресија

3. Пудла (Пудлица)

Кучињата од оваа раса честопати се опишуваат како многу интелигентни, будни, лојални, активни и интуитивни. Сето ова ги прави одлични придружници!

5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресија

4. Чихуахуа

Ако сакате кученце за гушкање, тогаш можете да посвоите чихуахуа. Тие се мали, но тоа не пречи во нивната способност да ви го подобрат расположението.

5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресија

5. Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс

Дали сте се запрашале како оваа раса го добила името?

Кралот Чарлс Втори имал вакво кученце кое многу го сакал, па од таа љубов се родило и името на расата.

5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресија

Погледнете ја оваа листа на филмови со кучиња кои сигурно ќе ве расположат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар