5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

Откриено е дека 62% од мачките спијат со своите сопственици, а 13% од нив спијат со деца. Мачките се слатки и сосема е природно што сакате да ги гушкате и да ги чувате покрај вас, но во реалноста, тоа може да биде ризично. Во продолжение прочитајте зошто треба да се потрудите вашиот кревет да биде зона без мачки.

Можеби имаат болви или други паразити

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

Кога го делите вашиот кревет со вашата мачка, го споделувате и со сите паразити што ги има. На пример, со болвите. Една болва може да живее на вашето домашно милениче речиси 2 месеци и може да биде многу тешко да се ослободите од нив.

Мачките може да внесат остатоци од кутијата со песок во вашиот кревет

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

Дури и најчистите мачки може да имаат остатоци од кутијата со песок на шепите. Таа нечистотија може да заврши во вашиот кревет и да доведе до одредени заболувања.

Може да ве издраскаат или да ве каснат

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

Ако мачката спие или дреме во вашиот кревет и одеднаш ја разбудите, може да се вознемири и да ве издраска, особено ако се плаши лесно.

Може да ви ја уништат постелнината

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

И покрај тоа што гребењето се смета за нормално однесување на мачките, не е убаво да се вратите дома и да видите уништени чаршафи и ќебиња. За да го избегнете ова, потрудете се да го натерате вашето домашно милениче да спие во својот удобен кревет за мачки.

Откако ќе почнат да спијат на вашиот кревет, нема да сакаат да си заминат

5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

Ако вашата мачка се навикне да спие во вашиот кревет и одеднаш ја избркате, таа може да ве изненади со своето однесување, како туркање предмети, правење хаос или раскинување на завесите. Мачките обично не реагираат добро ако одеднаш им ја одземете територијата.

Прочитајте зошто мачките имаат толку груб јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар