12 стари фотографии кои покажуваат како порано луѓето учеле да пливаат

Автор: Софија Сионова

Денеска е многу лесно да се научи да се плива. Постојат гуми, мускули и разни други помагала, но порано луѓето немале толку многу можности, па морале да бидат малку покреативни. Она што нам денес ни е смешно, порано било нормално. Погледнете ги фотографиите и потсетете се на деновите кога и вие учевте да пливате.

1. Во 1906 година омилениот метод за учење на децата како да пливаат многу наликувал на риболовот. На сликата се прикажани деца на реката Темза кои лебдат на водата така што се заврзани со јажиња околу појасот.

1-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

2. Години подоцна, во 1923-та најдобар метод било прво да се научи на копно, а тек потоа да ѝ се пристапи на водата.

2-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

3. Децата од Брајтон прво се загреваат, па потоа учат да пливаат. Фотографијата е од 20 август 1934.

3-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

4. Овој ученик одлично демонстрира како правилно се нурка во техничкото училиште „Фалкирк“ на 1 ноември 1935.

4-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

5. Членови од Пионерскиот здравствен центар во Пекам, јужен Лондон учат да пливаат на 19 ноември 1935.

5-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

6. Освен децата на училиште, и возрасните сакале да научат правилно да се движат во водата. Ова е тренинг на војската во Алдершот, југозападен Лондон на 26 март 1936.

6-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

7. Како учениците од Вудтропското училиште го прославуваат нивниот нов базен во февруари, 1938? Па со час по пливање, секако!

7-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

8. Една од најважните техники при пливањето е да се знае правилно да се лебди над водата. Оваа жена научила во 1955.

8-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

9. Подеднакво важно е и нуркањето, а овој новопечен пливач прв пат учи за време на неговиот час во 1955.

9-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

10. На оваа фотографија, малата Сесилија Новел изгледа како да се забавува во водата, па секако кога има одличен инструктор – нејзината мајка! Фотографијата е од цирка 1955.

10-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

11. Девојките се одбиваат од ѕидот и претаат со нозете за време на час по пливање, 19 јуни 1962.

11-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

12. Ученичките во англиското училиште „Вирго Фиделис“ имаат час по пливање во рекреациониот центар „Кристална палата“ на 2 октомври 1967. Нивните имиња се напишани на капите за да се идентификуваат во водата.

12-12-stari-fotografii-koi-pokazhuvaat-kako-porano-lugjeto-uchele-da-plivaat-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар