10 неочекувани работи од кои можете да се предозирате - Part 2

10 неочекувани работи од кои можете да се предозирате

6. Карамбола

(6)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Карамболата може да направи голема штета ако се јаде премногу. Луѓето кои имаат проблеми со бубрезите може да почувствуваат проблеми и со многу мала количина од ова овошје. Карамболата содржи отрови кои можат да направат вистински хаос во бубрежниот систем, особено ако личноста не е свесна дека веќе има некаква штета на бубрезите. Симптомите од труење со карамбола вклучуваат вртоглавица, несоница и напади. Труењето може да се лекува со дијализа, но постои опасност бубрезите засекогаш да останат оштетени.

7. Туна

(7)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Предупредувањата за туната обично се насочени кон бремените жени и малите деца, но и ние останатите сме на ризик. Живата, готвената или конзервираната туна содржи жива. Живата се наоѓа во поголемиот број риби, но кај туната нивото е повисоко. Живата е отровна за луѓето и додека помало количество може да се исфрли, поголемото може да се таложи во телото и да предизвика труење со жива. Најраните знаци за труење се слаба координација, трпнење во прстите на рацете и нозете и проблеми со видот. Долгорочното труење со жива може да има влијание на меморијата и да го забави процесот на учење.

8. Крема за мускули

(8)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Целта на овие креми е да ги намалат болките во мускулите, но претераното користење може да има фатални последици. Хемикалијата која ги ублажува болките е метил салицилат. Иако кремата се нанесува однадвор, супстанцата навлегува во телото. Во 2007 година, една 17-годишна девојка починала од предозирање со оваа крема. Предозирањето резултирало од редовно нанесување во големи количини.

9. Желе од сладок корен

(9)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Желето од сладок корен може да биде опасно, особено за луѓе над 40 години. Предупредувањето дошло од Администрацијата за храна и лекови откако еден човек кој претерал со овој десерт почнал да чувствува проблеми со срцето. Само 57 грама на ден може да предизвикаат проблеми за 2 недели. Десертот содржи глициризин кој предизвикува намалување на нивото на калиум. Кога ќе се случи ова, луѓето може да страдаат од абнормален ритам на срцето, висок крвен притисок па дури и застанување на срцето.

10. Витамини

(10)10-neobichni-raboti-od-koi-mozhete-da-se-predozirate-kafepauza.mk

Целта на витамините е да го подобрат нашето здравје, но премногу од нив може да предизвикаат рак и многу други проблеми. Некои витамини лесно се исфрлаат од нашето тело. Но некои, како витаминот А, можат да се складираат во масното ткиво. Тие може да се наталожат и да предизвикаат проблеми со црниот дроб, дефекти при раѓање, нарушување на централниот нервен систем и рак.

Во 1985 година група доктори направила истражување во кое испитаниците земале големо количество бета каротен, суплемент за витамин А за кој се верувало дека се бори против ракот. Истражувањето било прекинато бидејќи предизвикало појава на рак наместо да го спречи. Витамините кои лесно се исфрлаат, како на пример витамин Ц, обично не остануваат доволно долго во телото за да бидат отровни, но сепак има негативни ефекти од предозирање. На пример, предозирањето со витамин Ц може да резултира со дијареја, болки во стомакот па дури и камења во бубрезите.

Погледнете и некои од најсмртоносните оброци во светот кои луѓето сепак ги јадат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар