12 смртоносни оброци кои луѓето низ светот сакаат да ги јадат

Некои луѓе навистина уживаат во храната со чуден мирис и необичен вкус. Други пак сакаат да јадат храна што понекогаш може да биде и смртоносна. Дали и вие спаѓате во некоја од овие категории? Погледнете ја следнава листа „опасна“ храна што малкумина се осмелуваат да ја пробаат.

1. Карамбола

(1)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

На прв поглед ова овошје изгледа безопасно, па дури и здраво бидејќи содржи многу витамин Ц. Но, луѓето со гастритис подобро е да го избегнуваат бидејќи е премногу кисело. И здравите индивидуи не треба да претеруваат со консумирање бидејќи може да предизвика проблеми со бубрезите.

2. Фсих

(2)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Овој египетски деликатес е ферментирана риба. Иако ова јадење е традиционално, здравствените организации препорачуваат дека последиците може да бидат смртоносни.

3. Жаба-бик

(3)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Оваа голема жаба е деликатес во африканската и азиската кујна. Кога е правилно подготвена, жабата не е опасна. Но, нејзините органи и кожа се отровни.

4. Фугу

(4)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Рибата која се користи за овој специјалитет содржи големо количество од отровот тетротоксин. Готвачите поминуваат низ посебна обука за да научат како правилно да ги отстранат отровните делови, но и ова не ви дава целосна сигурност бидејќи секоја година од него умираат по неколку луѓе во Јапонија.

5. Касу Марцу

(5)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Буквалниот превод значи „скапано сирење“, а всушност и за тоа станува збор. Ларвите наводно му даваат неверојатен вкус на сирењето. Сепак, ова сирење може да предизвика многу алергиски реакции, труење, како и инфекција со ларви.

6. Пангиум едуле

(6)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Ова не е ни овошје, ни јаткаст плод. Всушност ова е семката од дрвото келуак која многу се користи во Јужна Азија. Семките содржат хидроген цијанид. За да се подготват за јадење, тие се зовриваат во вода, а потоа се закопуваат во пепел и листови од банана и се оставаат 40 дена.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар