Погледнете ја темната страна на месечината од неверојатната панорама на кинескиот приземјувач

Погледнете ја темната страна на месечината од неверојатната панорама на кинескиот приземјувач

На почетокот на овој месец Кина направи нешто неверојатно со првото успешно глатко слетување на темната страна на месечината. Благодарение на ова, денес имаме можност да видиме неверојатна панорама од овој за нас невидлив дел на нашиот сателит.

Погледнете ја темната страна на месечината од неверојатната панорама на кинескиот приземјувач

Мисијата се состои од два роботa – приземјувачот Chang’e 4 и роверот Yutu 2. Од нивното пристигнување на 2-ри јануари, двата робота ја истражуваа месечевата површина во кратерот Вон Караман, кој е широк неверојатни 186 километри.

Панорамата е направена од страна на Chang’e 4 и на левата страна можете да го забележите роверот заедно со трагите што ги оставил, а можете да ја погледнете со полна резолуција овде. Иако роверот има слобода да истражува, набрзо по пристигнувањето бил исклучен со цел да се избегне загревањето поради долгиот месечев ден. Според Кинеската академија за наука, температурата овде може да достигне и 100 степени Целзиусови.

На површината на месечината деновите и ноќите траат приближно колку 14 денови на Земјата, а роботите слетаа на нејзината површина веднаш по зајдисонцето кај кратерот. Кинеските медиуми известиле дека на 10-ти јануари роверот бил успешно вклучен, за разлика од неговиот претходник, роверот Yutu кој беше испратен во 2013-та година.

На панорамата исто така се гледаат рабовите од неколку научни инструменти кои се наоѓаат на приземјувачот. Според Кинеската вселенска администрација, некои од инструментите се веќе пуштени во употреба. Тие почнуваат да собираат податоци за темната страна на месечината и во текот на наредните неколку недели би требало да го испратат нивниот извештај.

Информациите од оваа страна на месечината не можат да бидат директно испратени на Земјата. Наместо тоа тие се испраќаат до сателитот наречен Queqiao кој е сместен на локација од која може да комуницира со Земјата.

Погледнете ги и неверојатните фотографии од Марс објавени од НАСА.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар