Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

Од голема важност е да рециклираме и да штедиме енергија користејќи јавен превоз, обновливи извори на енергија и слично. Но ова се само површни промени и сега веќе е потребно да ја погледнеме поголемата слика. Според науката, најдобриот начин да ѝ помогнеме на планетата е да го намалиме количеството на месо што го консумираме.

Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

Во 2018-та година, многу научници објавија истражувања кои откриваат колку всушност е штетно консумирањето месо за нашата околина. Консумирањето месо, особено свинско и телешко, го забрзува процесот на глобално затоплување и е одговорно за загадувањето на голем дел од океаните и копното.

Индустријализацијата на агрикултурата, заедно со новостите за нашето бавно движење кон следното масовно истребување, покажува дека луѓето и нашите припитомени животни зафаќаат 96% од сите цицачи на планетата. Иако поголемиот дел од земјата во агрикултурата се користи за добиток, продуктите како месо и млечни производи зафаќаат помалку од 20% од калориите во храната и само околу третина од протеините.

Проблемот со одгледување добиток за месо не е само во неефикасноста. Масовното сечење на дрва со цел да се направи место за фарми, во комбинација со метанот што го ослободува добитокот и разните ѓубрива што ги користат фармерите, емитуваат исто количество стакленички гасови како сите автомобили и авиони на Земјата. Одгледувањето на добиток го зголемува ризикот од истребување и на другите животни на планетата.

Минатиот октомври експертите истакнаа дека драстичното намалување на консумирањето месо е неопходно доколку сакаме да ги спречиме најлошите последици од глобалното затоплување, особено на Западот каде што побарувачката за телешко треба да се намали за неверојатни 90%.

Покрај телешкото, потребно е да го намалиме консумирањето на свинско, јајца и млечни производи, особено кога истражувачите утврдиле дека бројот на населението ќе се зголеми за околу две милијарди во наредните 30-тина години. Ако сакаме да се осигуриме дека температурите на Земјата нема да се зголемат за 2 степени Целзиусови, потребно е сите луѓе да прифатат пофлексибилен начин на исхрана и да го намалат консумирањето месо.

Многумина се обидуваат да најдат начин да се намали побарувачката за месо. Некои од предложените решенија се повисоки даноци за црвеното месо, како и прехранување на добитокот со алги наместо со трева, со цел да се намали емисијата на метан. Некои експерти дури сметаат дека заменувањето на свинското и телешкото со инсекти е можеби н најдобрата опција.

Можеби наједноставното решение би било луѓето да станат вегетаријанци, како и да се зголеми популарноста на месото произведено во лабораторија. Некои алтернативи предложени од веганите, како на пример, вегански бургери со вкус на месо, стануваат сè попопуларни. Без разлика како ќе постапиме, факт е дека е потребна промена која не можеме повеќе да ја одложуваме. Последиците на планетата ќе бидат катастрофални и неповратни доколку не обрнеме внимание на начинот на исхрана.

Погледнете и која е храната што ѝ штети на природата повеќе отколку што мислите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар