5 профили на ТикТок што едуцираат, поврзуваат и го менуваат светот на подобро

Оваа година социјалните мрежи станаа попопуларни од кога и да е, а причина за тоа е пандемијата што нè натера да останеме во нашите домови повеќе месеци. Меѓутоа, ако на една социјална мрежа треба да ѝ се даде предност во популарноста во однос на другите, тогаш тоа е дефинитивно ТикТок. Иако многумина ја гледаат оваа релативно нова социјална мрежа како место само за деца кои танцуваат и смеат, ТикТок се покажа како виртуелно место каде што се случуваат исклучително важни работи. Образование, ширење позитивни пораки, активизам, желба и борба за промени се само некои од работите што ќе ги најдете таму. Овие пет профили ќе ви докажат дека ТикТок може да биде место каде што се рушат предрасудите и се учат нови работи.

@thistrippyhippie

@thistrippyhippietourette’s on a 3 hour car journey, no idea how my family puts up with it😂🐔#tourettes #foryou #tourettesyndrome #foryoupage #tics

♬ Elevator Music – Daniel Perry

Дваесетгодишната Еви преку својот канал ТикТок шири свест за лицата со Туретов синдром, од кој страда и таа. Со публика од 9,3 милиони луѓе, на кои таа секојдневно им покажува дека животот со тикови и напади честопати е погрешно сфатен, Еви споделува едукативни и смешни видеа. Но, без оглед на содржината, секое од овие видеа е инструмент со кој таа се бори против дискриминацијата.

@nikkililly

@nikkilillylooking for a cotton candy emoji right about now lol @yungblud #yungblud #cottoncandy #transition #fashion #y2k #inspo #makeup #outfitchange

♬ cotton candy – YUNGBLUD

Ники Лили има дури четири милиони следбеници со кои секој ден ја споделува својата животна приказна со артериовенски малформации. Преку упатства за шминкање и видеа за производи за убавина, Ники сака да му покаже на светот дека е иста како и сите други, и покрај тоа што изгледа малку поразлично.

@lucyedwardsblind

@lucyedwardsblindHow does a blind girl pour boiling water? #learnontiktok @tiktok_uk #howdoesablindgirl #edutok #boilingpoint #britishtea

♬ original sound – British blind girl 👁🦮👩‍🦯

Луси Едвардс е првата слепа радиопрезентерка на Бибиси што ја искористи платформата ТикТок за да ја подигне свеста за секојдневниот живот на слепите лица и да ги запознае луѓето со сите предизвици со кои се соочуваат. Исто така, Луси ги покажува начините на кои ги извршува секојдневните задачи, како што се пеглање, подготвување и нарачување храна, со што го воведува остатокот од светот во светот на слепите лица.

@yazdemand

@yazdemandPlease share this to as many transgender people you can!

♬ original sound – Yaz🍩

Јаз е трансродова жена, која преку видеа на ТикТок се обидува да им покаже на луѓето со какви предрасуди се занимаваат трансродовите луѓе. Бидејќи Јаз е и црнка, ја допираат и осудите, навредите и насилството што не се однесуваат само на нејзината трансродност, туку и на бојата на кожата. Преку своите видеа, таа се обидува да им го олесни животот на сите трансродови луѓе и да ги охрабри да бидат тоа што се.

@jessicaoutofthecloset

@jessicaoutoftheclosetKnow anyone in a Boston Marriage? 👩‍❤️‍👩 #learnontiktok #tiktoklearn #vintagelesbian #queerhistory #lgbtq

♬ Angel’s Theme – Lionel Newman (conductor), Harry Sukman (conductor)

Џесика е глува винтиџ модна блогерка и инфлуенсерка која отворено зборува за сопствената хомосексуалност и ги користи своите платформи за да ги образова луѓето за ЛГБТК+ заедницата, за нивната историја и за нивните права. Покрај тоа, Џесика руши митови за животот со попреченост и секогаш го става акцентот на позитивното.

Погледнете што беше најпопуларно на ТикТок во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар