Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

Денес во ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство беше претставен проектот „Создаваме заедно“, кој компанијата Violeta како производител на пелени и марамчиња за бебиња го работеше со клиниката, а со цел да се разубави и облагороди просторот во кој престојуваат родилките и нивните бебиња.

Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

Она што се создаваше заедно е: боење на сите соби предвидени за престој на родилките, нови креветчиња за бебињата, постелнина за големи и мали кревети, ноќници за родилките, бенкички за бебињата итн.

Целиот проект траеше неколку месеци бидејќи се водеше сметка непречено да се одвива работата во родилиштето и пациентите да бидат заштитени.

Најголемиот придонес го даде самата клиника, односно нејзините вработени на чело со директорката Викторија Јовановска, кои беа повеќе од организирани за сѐ да се изведе.

Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

Пораката која компанијата Violeta ја сподели по повод овој проект е:

„Во овој проект влеговме со желба дополнително да ја разубавиме првата средба помеѓу мајката и бебето и на тој начин да го прославиме новиот живот и раѓањето. Децата се нашата иднина и затоа сите компании и институции кои планираат опстанок на овие простори би требало да дадат свој придонес да ги задржиме младите луѓе и нивниот живот да го направиме што подобар и поквалитетен.“ 

Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

Поддршка на оваа иницијатива дадоа Министерството за здравство на Република Македонија на чело со Министерот Венко Филипче и Амбасадата на БиХ во Скопје на чело со Амбасадорката Лепа Бабиќ, кои денес исто така присуствуваа на претставувањето на проектот.

Министерот во својата изјава се заблагодари на компанијата Violeta и порача дека ГАК сега има далеку подобри услови за родилките од приватните клиники.

Во своето обраќање Амбасадорката Лепа Бабиќ изјави дека е горда на сѐ што се направило преку овој проект и дека е среќна што била дел од него.

Освен клиниката во Скопје, оваа година компанијата Violeta го поддржа и родилиштето во болницата во Охрид каде донираше пулсен оксиметар, како и родилиштето во болницата во Струга кое ќе биде побогато за неколку детски креветчиња.

Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

Инаку компанијата Violeta веќе има соработка со овие родилишта, каде секое новороденче добива на подарок пакет Violeta производи.

Од компанијата истакнуваат дека кај нивните производи најважно им е задоволството на потрошувачите, а за да го остварат тоа тие постојано инвестираат во развој на производите, нови технологии и контрола на квалитетот. Зад нив стои Здружението на педијатри во БиХ, како и бројни потврди на квалитетот од независни лаборатории како што е SGS Courtray, кои пелените на овој производител го оценуваат со класа А, што воедно е и највисока оценка.

Со VIOLETA од првиот ден: Поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар