Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

Клавијатуристот Филип Димишковски беше прогласен за најдобар млад џез-музичар во земјава и му беше врачено признанието Golden Oryx кое го доделува „Катар ервејс“ за достигнувања на полето на културата. Авиокомпанијата е поддржувач на Скопскиот џез-фестивал во чии рамки се одржа и врачувањето на наградата. Ова е втор пат како се доделува признанието, а минатата година отиде во рацете на Виктор Филиповски кој е познат како тапанар на многу џез-состави во земјава.

Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

Комерцијалниот директор на „Катар ервејс“, Алтај Шабан му ја врачи наградата на Филип Димишковски.

„Наша компаниска практика е да мотивираме локални иницијативи и уметници. Се надеваме дека признанието ќе биде мотивација за Димишковски да продолжи храбро да чекори по својот музички пат, а воедно ќе биде поттик за нови, млади музичари и за уште поголем развој на македонската џез сцена“ – изјави Алтај Шабан кој вчера му ја додели наградата на младиот музичар на настан во кафе-барот „Винил“.

Димишковски на 12 години почнува да учи пијано, а веќе на 18 настапува со реномирaни домашни џез музичари како Тони Китановски, Александар Икономов и други. „Гоце Стефковски септет“, „Некст ту сајленс“, Феми Кути, Сара Мејс, „Конкеринг Лајон“ и „Љубојна“ се само дел од најзначајните бендови и музичари со кои има соработувано. Во тек на кариерата има свирено повеќе концерти низ Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во други земји на Балканот. Се има појавено на фестивали меѓу кои и Сараево џез фестивал, Скопски џез фестивал, Банско џез фестивал и Д Фестивал. Како изведувач свирел на неколку албуми меѓу кои „Радио Љубојна“ на „Љубојна“, Reflections на „Џоле Грујовски квартет“, „Floating Through Space With Sarah Mace“ и „Re:vision“ на „Фин проџект“.

Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

„Навистина ми е драго што ми е доделена оваа награда, како признание за целиот труд што до сега го имам вложено во музиката. Им благодарам на „Катар eрвејс“  и на Скопје џез фестивал за довербата и поддршката. Имам многу музички планови: авторски проекти, албуми, концерти што планирам да ги остварам во наредниов период и искрено се радувам во исчекување на моментот кога мојата музика ќе можам да ви ја презентирам на слушателите“ – истакна Филип Димишковски.

Скопскиот џез фестивал годинава се одржува од 18 до 21 октомври и ќе настапат светски ѕвезди меѓу кои и некогашниот фронтмен на култниот бенд „Соник јут“, Турстон Мур; данската саксофонистка Мете Расмусен; уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“; специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк и многу други.

Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

„Катар ервејс“ истата година кога ја отвори своја канцеларија во земјава стана и еден од главните поддржувачи на Скопскиот џез фестивал, а дополнително им овозможи на македонските патници да летаат на 150 дестинации што се дел од глобалната мрежа на авиокомпанијата преку нејзиниот центар во Доха, на меѓународниот аеродром „Хамад“.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Остави коментар