Што се случува кога бојата на вашата менструална крв е црна?

Што се случува кога бојата на вашата менструална крв е црна?

Менструацијата не е никакво изненадување, освен ако не дојде ден порано, а вие сте со бели панталони. Токму затоа и ако вашата менструација е црна, нема потреба да се грижите.

Што се случува кога бојата на вашата менструална крв е црна?

Овде не станува збор за темниот исцедок на почетокот или на крајот на менструацијата, туку за вообичаената менструална крв која има црна боја.

Иако може да биде навистина непријатно да забележите што било освен црвена боја на тампонот или влошката, оваа појава е многу почеста отколку што мислите. И најважно до сè, нема никаква потреба од грижа. Црната менструална крв е само крв што е постара и што почнала да се згрутчува.

Кога ткивото од матката почнува да се исфрла еднаш месечно, крвта не излегува веднаш и подолго останува во матката. Колку подолго останува во матката, толку потемна боја има.

Иако обилното крвавење може да биде знак за нешто посериозно, како инфекција, најчесто овие нарушувања се придружени и со други симптоми како силни болки, болен секс и слично.

Кога станува збор за бојата на крвта, нема начин да ја промените дури ни со исхрана и лекови. Лековите можат да ви помогнат само да ги намалите болките или обилноста на крвавењето.

Сепак, ова не значи дека не треба да обрнувате внимание и на другите знаци што ви ги дава телото. Доколку навистина сте загрижени поради темната боја на менструалната крв, најдобро е да го посетите вашиот гинеколог.

Погледнете и кои се менструалните проблеми кои не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар