Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

Кирзајда Родригез, популарна блогерка од Доминиканска Република, почина по 10-месечна борба со рак на стомакот. 40-годишната блогерка била дијагностицирана со рак во четврта фаза минатиот ноември и секогаш отворено зборувала за нејзиниот третман. Редовно објавувала за нејзината хемотерапија и за губењето на косата.

Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

Родригез ја следела модата до нејзиниот последен здив. Често пишувала за тоа како животот со рак ја натерал да ги цени малите нешта во животот. Во август ги известила нејзините следбеници дека ќе престане со хемотерапијата бидејќи не ѝ помагала како што сакала.

Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

„Ќе престанам со хемотерапија и радијација бидејќи третманот не работи како што се надевав. Се одлучив да престанам со лекувањето за да можам да уживам во последните денови од животот со пријателите и семејството со што е можно помалку болка.“

Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

Родригез која е и мајка на едно дете, имала речиси половина милион следбеници на Инстаграм. Во нејзината последна објава таа ги охрабрила нејзините следбеници и им кажала дека најважното нешто во животот е љубовта.

„Имам нов автомобил паркиран надвор кој не може да направи ништо за мене. Имам секаква дизајнерска облека, обувки и чанти кои не можат да направат ништо за мене. Имам пари на мојата сметка кои не можат да направат ништо за мене. Имам прекрасна куќа што не може да направи ништо за мене. Погледнете, лежам во болнички кревет. Можам да се качам во авион во кој било ден од неделата, но тоа не може да направи ништо за мене… Па не дозволувајте некој да направи да се чувствувате лошо за нештата што ги немате, туку бидете среќни за нештата што ги имате. Ако имате кров над главата, кој се грижи каков мебел има внатре… Најдоброто нешто во животот е љубовта. За крај, уживајте со саканите.“

Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

За жал, на 9-ти септември нејзините сакани изјавиле дека починала, помалку од една година по дијагнозата. Кирзајда Родригез ќе биде запомнета не само како модна икона, туку и по нејзиниот оптимизам и влијание.

Прочитајте ги и животните лекции на 24-годишно момче коешто умира од рак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар