Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Борбата против ракот на дојка значи да не се предаваш, да не се откажуваш, и да не заборавиш дека постои живот и после болеста.

Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Во неделата на 7 октомври во Градскиот парк, традиционалниот марш за борба против ракот на дојка во организација на козметичката куќа Авон, здружението Борка и американската амбасада во Македонија уште еднаш нѐ потсети дека само заедно можеме да се избориме со ракот, а меѓусебната поддршка, помош и едукација е најсилното оружје со кое ќе им покажеме на оние кои се борат дека не се сами.

Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадемеБорка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Многу насмеани лица, борки, преживеани и победници се собраа на едно место да им дадат љубов и поддршка на сите оние кои директно и индиректно се соочуваат со ракот. Многу јавни личности, меѓу кои и пејачките Каролина Гочева, Елена Ристеска, Бени Шаќири, Маја Гроздановска-Панчева, американскиот амбасадор Џес Бејли и многу други го поддржаа настанот со своите говори и настапи, а присутните имаа можност директно да се едуцираат, но и да помогнат во борбата преку интересната програма која беше понудена.

Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадемеБорка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадемеБорка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Свој дел зема и познатиот академски сликар Тони Шулајковски кој ни покажа дека шминката и воопшто козметиката може да има своја поинаква употребна вредност. Па така со кармините, руменилата и лаковите на Авон создаде прекрасни уметнички дела кои ќе бидат донирани во Дневниот центар за поддршка и советување на пациентите заболени од рак на дојка.

Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадемеБорка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

„Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме. Заедно ќе се бориме и ќе победиме, со едукација, волја и меѓусебна поддршка“, изјави Биба Додева, претседател на Борка.

Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме Борка и Авон вчера испратија порака: Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Во кампањата „Допирај се розово“ во чиј знак беше годинешниот марш, компанијата Авон лансираше видео-туторијал за самопреглед на дојки, кој е посебно важен за секоја жена. Истиот можете да го погледнете, но и да го споделите со вашите мајки, сестри и пријателки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар