Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

Во студијата која била предизвик за уметниците Јани и Енja, збир од англиски музичари во жестока уметничка конкуренција ја утврдиле најрелаксирачката песна. Песната со траење од 8 минути со наслов „Weightless“, од британската група Marconi Union предизвикува забавување на отчукувањата на срцето, го смалува крвниот притисок, го снижува нивото на хормонот на стрес – кортизол и помага при успивање. Токму затоа и не се препорачува за слушање додека се управува со возило.

Оваа песна не е снимена случајно туку преку соработка со терапевти кои имаат искуство со „звучна терапија“ и создале добитна формула за хармонија, ритам и мелодија што ја постигнале со гитара, клавир, електронски примероци и звуци од природата. Експериментално им била пуштена на 40 жени да ја слушаат во просторија кои биле споени со секакви сензори и им биле дадени сложувалки што требало да ги состават додека слушале различни песни.

Научниците изјавиле дека оваа песна повеќе опушта и од масажа, прошетка или шолја чај. Песната е 11% повеќе релаксирачка од останатите песни што биле во конкуренција.

Лиз Купер, основачот на англиската академија за терапија со звук, работела со бендот Marconi Union при создавањето на песната. Таа ја опишала како идеална за опуштање на крајот од работниот ден. Вие имате можност да уживате во неа за време на викенд, но и во секое време кога ви е потребно опуштање. Да не должиме повеќе, уживајте во прекрасната релаксирачка мелодија!

Слушнете ја и оваа музика која ќе ве одведе на магични места.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар