10 романтични пораки кои секој би сакал да ги добие

Живееме во време кога сè се случува многу брзо и често забораваме на малите гестови кои ги покажуваат нашите најтајни чувства. Секој сака кога ќе се разбуди или пред да заспие да прочита некоја убава порака упатена до него. А, убаво е и кога вие ќе испратите искрена мисла до вашиот/вашата партнер/ка за да покажете колку тој/таа ви значи. Со помош на текстуалната моќ ќе му/ѝ го разубавите денот на вашиот сакан/сакана! Прочитајте ги пораките и одлучете која ќе ја испратите ако сакате партнерот да мисли на вас цел ден.

1. „Уште ја носам насмевката којашто ми ја подари.“

2. „Имам проблем. Не можам да престанам да мислам на тебе.“

3. „Едвај чекам да се вратам во твојата прегратка.“

4. „Се надевам дека ќе имаш соништа исто толку слатки како тебе.“

5.Ќе фрламе паричка. Ако е петка јас сум твој/а, ако е глава ти си мој/а.“

6. „Се разбудив со желба да те бакнувам.“

7. „Моите соништа никогаш нема да бидат толку убави како реалноста со тебе.“

8.Ти благодарам што ме потсети како изгледа кога пеперутките оживуваат во мојот стомак.“

9. „Имаш нешто во себе што го сакам.“

10. „Телефонот ми е во рака, но повеќе те сакам тебе.“

Прочитајте ги и најслатките љубовни пораки што ги добиле луѓето од својот партнер.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар