ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

Оние кои наутро најпрво посегнуваат по шолјата кафе го сметаат кафето за пијалак испратен од Бог. Консумирањето кафе има бројни бенефиции, како спречување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или зголемена ефикасност на одредени апчиња против болки, како Аспиринот на пример. Сепак, кафето има и одредени негативности. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. Ова се некои бенефиции, но и негативности од косумирањето кафе. Сепак, сè си има свои добри и лоши страни, па така и кафето.

za-i-protiv-pienjeto-kafe-kafepauza.mk

ЗА:

Кафето содржи антиоксиданси, витамини, минерали и диететски протеини. Редовните консументи на кафе имаат бројни здравствени придобивки. Жените кои се страсни обожаватели на кафето имаат помал ризик за заболување од рак на дојка, додека кај мажите е намален ризикот од рак на простата. Истражувањата покажале дека консумирањето кафе го намалува ризикот од некои болести и заболувања, како на пример:

  • Паркинсонова болест
  • Алцхајмерова болест
  • Дијабетес тип 2
  • Жолчни камења
  • Рак на усната шуплина, на хранопроводот или грлото
  • Напади на астма
  • Срцева аритмија
  • Мозочен удар
  • Цироза
  • Служи како стимуланс на одредени апчиња против болки

ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

ПРОТИВ:

Иако кафето има позитивни ефекти, преголемата консумација може да резултира негативно. Негативните ефекти на кафето вклучуваат:

  • Нарушување на сонот и шемата на спиење
  • Аудитивни халуцинации
  • Отежнување на апсорпцијата на некои витамини и минерали во организмот, како магнезиум, цинк и железо
  • Покачување на крвниот притисок
  • Дехидрација и губење на витамин Б и Ц, како и калциум, железо и цинк
  • Дамки на забите
  • Може да ја влоши состојбата доколку сте подложни на киселини во желудникот

Исто така, кафето спаѓа меѓу растенијата и плодовите кои најмногу се прскаат со пестициди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.