Филмови што треба да ги изгледа секоја жена за време на „оние денови“ од месецот

Во „оние денови“ од месецот кога немаме никаква контрола над себе и тешко ни е да се справиме со другите, време е да се навикнеме да седиме во кревет и да посветиме време на некои од нашите омилени филмови. Хумористични, но во исто време емотивни филмови кои ќе ви ги решат менструалните болки во првите неколку минути. Погледнете ја нашата листа на филмови за овој период од месецот.

1. „Разум и чувства“ (Sense and Sensibility)

Овој филм го следи животот на Кејт Винслет – ќена од 90-тите. Тој е адаптација на книгата Џејн Остен која зборува за силна и независна жена во времето кога жените ги немале денешните права.

2. „Дневниците на принцезата“ (The Princess Diaries)

Сигурно сите би сакале да добиеме третман како оној што го добива Мија во овој филм. Мија ги открива своите кралски корени и оди на престолот. Одличен филм!

3. „Тетратката“ (The Notebook)

Романсата меѓу Али и Ное, личности со сосема различни животни патеки, го пронаоѓаат својот заеднички пат после бурно патување. Размислете за каков смирувачки чај ќе пиете кога повторно ќе го погледнете.

4. „Надвор од Африка“ (Out of Africa)

Овој американски филм е заснован на истоимената книга. Филмот има освоено 28 награди и 17 номинации, вклучително и 7 Оскари. Сигурно ќе ги освои и вашите срца.

5. „Чекори за сеќавање“ (A Walk to Remember)

Оваа љубовна приказна е толку слатка, искрена и позитивна што дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. И покрај тоа што на прв поглед потсеќа на типичен тинејџерски филм, ќе видите дека има многу подлабока приказна.

Можеби сакате да ја погледнете и листата од најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар