Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

Без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не, жанрот филмови со суперхерои во моментов го достигна својот врв и ги полни киносалите со секое следно остварување. Не е важно од „кујната“ на кое студио доаѓаат филмовите, колку што е важно кои актери учествуваат во нив и какви специјални ефекти нè очекуваат.

Најочекуваните филмови за суперхерои во 2020 година

Оваа година можеби не е најбогата во однос на бројот на филмови со суперхерои, но тоа не значи дека не нè очекуваат добри филмови. Тука се и Marvel и DC, како и некои други куќи, а ова е листата од 5 најочекувани:

„Black Widow“

Скарлет Јохансон за последен пат ќе биде во улогата на Наташа Романоф во долгоочекуваниот самостоен филм посветен на оваа хероина која е дел од тимот на „The Avengers“. Акцијата нè враќа назад во минатото, веднаш по филмот „Captain America: Civil War“ и во ова остварување дознаваме малку повеќе за минатото на Наташа. Другите улоги ги толкуваат Рејчел Вајс, Фјоренс Пју и Дејвид Харбор.

„Wonder Woman 1984“

Не сме сосема сигурни која е сегашната состојба на суперхеројскиот филмски универзум на DC, но знаеме дека Гал Гадот се враќа во ова продолжение, кое е повторно режирано од Пети Џенкинс, по успехот постигнат со првиот дел. Приказната се случува во 1984 година, а во другите улоги се појавуваат Кристен Виг и Педро Паскал, а нестрпливи сме да го видиме и Крис Пајн кој се враќа во улогата на Стив Тревор.

„Birds of Pray“

Да се надеваме дека овој филм ќе биде подобар од не толку успешниот „Suicide Squad“, од кој само Марго Роби остана во екипата играјќи на улогата на Харли Квин. Трејлерите ветуваат малку поинаков тон, а многу очекуваме и од негативецот наречен „Black Mask“, кој го толкува Ијан Мекгрегор. Ќе видиме и колку време ќе биде одвоено за другите хероини во филмот, кои според стрипот треба да го имаат приматот во ова продолжение.

„Venom 2“

Колку критичарите плукнаа по првиот дел од филмот, толку на обожавателите тој им се допадна и ги полнеа киносалите додека не заврши прикажувањето. Продолжението од филмот доаѓа оваа година и во него на Том Харди ќе му се придружи и Вуди Харелсон како Карнаж. Филмот го режира Енди Серкис.

„Bloodshot“

Во овој филм не станува збор за суперхерои кои треба да се борат против злото, туку се работи за малку поинаква стрип поставка. Главниот лик е жртва во несреќен случај, а потоа е оживеан како машина за убивање која не се сеќава на ништо од претходниот живот. Сепак, меморијата на главниот лик полека се враќа и тој потоа сака да им се одмазди на оние кои му нанеле штета.

Можеби сакате да прочитате и кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар