5 ноемвриски филмски премиери што ќе ви го разиграат срцето од возбуда

5 ноемвриски филмски премиери што ќе ви го разиграат срцето од возбуда

Ноември крие огромни наслови коишто фановите на големото платно ги очекуваат со месеци, па затоа и воопшто не изненадува фактот што се очекува да биде еден од најголемите месеци оваа година во светот на кината. Па, ако и вие сте возбудени за тоа што следува, тогаш ви препорачуваме да не ги пропуштате следниве 5 ноемвриски филмски премиери!

Оревокршачка и четирите пространства (The Nutcracker and the Four Realms) – 2 ноември

Сè што Клара (Мекензи Фој) сака е клуч – уникатен клуч што може да отклучи кутија во која се крие бесценет подарок од нејзината почината мајка. Таа успева да го најде потребниот клуч, којшто за жал исчезнува во мистериозен паралелен свет. Клара мора да премине во овој непознат свет, да го најде клучот и да ја врати хармонијата во нестабилните четири пространства.

Фантастични ѕверки: Злочините на Гринделвалд (Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald) – 16 ноември

Второто продолжение на новата приказна од Џ. К. Роулинг се случува во 1920 година во Париз, каде што познатиот Њут Скамандер ќе мора да се соочи со злиот Гринделвалд, којшто е толкуван од страна на незаменливиот Џони Деп.

Инстант семејство (Instant Family) – 16 ноември

Кога Пит (Марк Валберг) и Ели (Роуз Бајрн), одлучуваат да започнат семејство, тие наидуваат на светот на привремено посвојување. Надевајќи се да земат едно малечко дете во својот дом, тие запознаваат 3 браќа и сестри и преку ноќ стануваат големо семејство.

Робин Худ: Почетоци (Robin Hood) – 21 ноември

Приказната се одвива околу животот на Робин Худ, крстоносец стврднат од војна, што се придржува на смел револт против корумпираната англиска круна.

Ралф го скрши Интернетот (Ralph Breaks the Internet) – 21 ноември

Лошото момче од видео игрите, Ралф (Џон Ц. Рејли) заедно со будалестата Ванелопи вон Швитс (Сара Силверман) се движат низ големиот и динамичен свет на светската мрежа во потрага по нешто што би можело да ја спаси играта на Ванелопи.

Додека чекате да излезат овие филмови, погледнете и да не сте пропуштиле некој од најдобрите филмски премиери во октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар