Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Патувачкиот фотограф Алан Брутеник сака да ги користи неговите способности како пилот на дрон за да истражува разни градови ширум светот. Алан го минува своето време во Лондон и Прага, па не е ни чудно што направил лет околу главниот град на Чешка. Неговите неверојатни воздушни фотографии од Прага го покажуваат градот во најдоброто светло досега и без сомнение ќе ве натераат да се спакувате и веднаш да заминете.

 Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Прага е позната како градот на сто кули, и Алан навистина успеал да фати по една во секоја фотографија. Оние на кои им е позната Прага, веднаш ќе го препознаат плоштадот во Стариот град, домот на познатиот Астрономски часовник и градбите што ја покажуваат богатата историја на градот. Друга позната знаменитост е мостот Чарлс кој се протега над В’лтва и ги поврзува Замокот на прага и Стариот град.

 Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Правејќи ги фотографиите за време на изгрејсонце, фотографот успеал да долови огнено небо кое ги „пали“ црвените покриви на градот. За Алан овие уметнички избори се основа за доловување на духот на градот. Неговата мисија е да ги охрабри другите да патуваат повеќе и да го истражат светот.

 Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Без разлика дали ја истражува природата на Нов Зеланд или ја доловува историската архитектура на Фиренца, способноста на Алан да раскажува инспиративни приказни за неговите патувања го направила навистина влијателен. Уживајте во неверојатната Прага.

 Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

 Прага од нова перспектива со неверојатни фотографии од дрон

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар