3 возбудливи филмски новости кои ја одбележаа оваа недела

3 возбудливи филмски новости кои ја одбележаа оваа недела

Дефинитивно не е досадно во филмската индустрија. Светот на производството не запре, а најавени се многу интересни филмски проекти! Погледнете кои филмски новости ја одбележаа оваа недела.

Џорџ Клуни во непрепознатлива улога

Кога на светот му се ближи крајот, единствената личност што може да нè спаси е Џорџ Клуни со непрепознатливата седа брада. Славниот актер е режисер и на новиот научно-фантастичен филм „The Midnight Sky“, кој ќе пристигне на Нетфликс во декември.

Селин Дион ќе биде во филм за прв пат

Канадската музичка дива ќе ја има својата дебитантска улога во филмот „Text For You“ со индиската актерка Пријанка Чопра Џонас и актерот Сем Хјуган. Во филмот, Чопра Џонас глуми вдовица која штотуку го изгубила свршеникот и почнува да се допишува со Хјуган, кој минува низ болно раскинување. Двајцата ќе завршат заедно преку Селин Дион за која ова е нејзина прва филмска улога.

Нов филм за љубовните врски

Како преживуваат романтичните врски во свет каде што хаотичното секојдневие е во пораст? Преплетените приказни во филмот „Love, Weddings & Other Disasters“ бараат одговор на ова прашање. Филмот е споредуван со романтичниот хит „Love Actually“.

Погледнете ја оваа листа на 13 есенски филмови што ќе ве натераат да останете дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар