Време е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафе

Време е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафе

Секогаш е добра идеја да ја завршите работната недела со вкусно кафе. Ова мароканско зачинето кафе додава уникатен и зачинет удар во вашата дневна шолја кафе, па затоа пробајте го веднаш!

Време е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафе

Потребни состојки:

За кафето:

  • 6 лажици инстант/мелено кафе
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 1/4 лажиќка ѓумбир во прав
  • 1/8 кардамон во прав
  • 1/8 индиско оревче во прав

За кремот:

  • 120 милилитри млеко од кокос
  • 120 милилитри млеко од бадем
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • 3 лажици шеќер по избор

Начин на подготовка:

Комбинирајте ги сите состојки за кафето во една тегла и оставете ги една ноќ. Ова им овозможува на зачините да се измешаат подобро со кафето.

Следното утро сварете го кафето како што го правите секој ден. Ќе имате кафе за околу 6 до 8 шолји.

За кремот, додадете кокосово млеко, бадемово млеко и цимет во мало тенџере на средна топлина и оставете да зоврие. Оставете го да врие 10 минути. Тргнете го и додадете шеќер. Да се чува во херметички затворен сад во фрижидер преку ноќ.

Направете здраво кафе според рецептот на еден гастроентеролог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Haha samo to ne e marokinsko kafe. Koga preveduvate neso od net proverite dali e toa tocno.receptot e cista glupost.

Остави коментар