Во кој месец од 2019-та година ве очекуваат најмногу предизвици според хороскопскиот знак?

Во кој месец од 2019-та година ве очекуваат најмногу предизвици според хороскопскиот знак?

Иако можеби поголемиот дел од годината ќе биде исполнет со достигнувања, успех и прекрасни моменти, сепак постојат и тешките периоди. Но, на секој од нас му се потребни тешките периоди и сите предизвици што доаѓаат со нив. На овој начин учиме за нашите слабости и ги поправаме нашите грешки. Погледнете во кој месец од годинава ве очекуваат многу предизвици.

Во кој месец од 2019-та година ве очекуваат најмногу предизвици според хороскопскиот знак?

Овен: Јули

Познати сте по вашиот темперамент кој ќе ви предизвика проблеми овој јули. Ќе се најдете во ситуација каде што нема да можете да го контролирате темпераментот и ќе кажете нешто за коешто ќе ви биде жал. Ова ќе предизвика проблеми во вашите врски, но тоа не значи дека дошол крајот. Подгответе се за тежок месец, но не заборавајте дека и тој ќе помине.

Бик: Ноември

Вие можете да се справите со сè што ќе ви приреди животот. За жал, промената на енергијата во ноември ќе биде сосема доволна за да изгубите контрола. Полната месечина во Бик ќе си игра со вашите емоции. Ви останува само да се обидете да направите нешто за да не ве контролира премногу.

Близнаци: Февруари

Понекогаш ви е тешко да донесувате одлуки бидејќи ви се одвлекува вниманието. Како што ќе започне февруари, така ќе почнете да се чувствувате преплавено. Ова ќе ви предизвика анксиозност, па вратете се чекор наназад, вдишете длабоко и верувајте во себе. Можете да го надминете ова.

Рак: Март

Низ животот ве води срцето, а емоциите се главни. Иако поради ова имате неверојатни и значајни врски, може да ви предизвика и проблеми. Добро сте запознаени со скршеното срце и речиси секогаш мислите на тоа. Во март ќе се соочите со повеќе емоции и анксиозност отколку што можете да поднесете, но немојте да се криете. Иако врските ќе ви изгледаат нестабилни, почекајте да помине периодот пред да донесете одлука.

Лав: Јули

Вие знаете што сакате од животот и одбивате да се помирите со помалку. Но во јули ќе имате проблеми со комуникацијата, а поради ова ќе чувствувате многу стрес. Вие ретко се откажувате од предизвици, па ќе го прифатите и овој. Сепак, нема да биде едноставно.

Девица: Март

Хаосот од ретроградното движење на Меркур во Риби навистина ќе ве погоди бидејќи сте перфекционисти. Ќе се соочите со вашиот најголем кошмар – целосен недостаток од контрола над нештата што ви се случуваат во животот. Ова ќе ја тестира вашата трпеливост и вашата самоконтрола. Обидете се да се грижите за себе и да одвоите време за тоа, ќе ви биде потребно.

Вага: Февруари

Потребна ви е рамнотежа во животот за да се чувствувате безбедно и сигурно, но февруари нема да ви го понуди тоа. Овој месец подгответе се за несигурност. Добрите вести се тоа што февруари е навистина краток месец, па на крајот ве чека вистинско олеснување. Потребно е само да бидете трпеливи.

Скорпија: Јули

Навистина ќе го почувствувате ретроградното движење на Меркур во јули, особено поради вашата неверојатна страст за животот. Понекогаш сте тешки за справување, а овој месец сè ќе биде поинтензивно. Вашите врски ќе бидат тестирани, но немојте да се грижите, оние кои треба да бидат во вашиот живот ќе останат покрај вас.

Стрелец: Април

Овој месец вашиот живот ќе се преврти наопаку. Поради тоа ќе се чувствувате навистина заробено. Првиот инстинкт ќе ви биде да избегате, но обидете се да размислувате рационално. Напнатоста и стресот што ги чувствувате се привремени и сигурно не сакате да се откажете од неверојатниот живот само поради еден тежок период.

Јарец: Март

Како личност која е фокусирана на напредокот и остварувањето на целите и соништата, проблемот со комуникацијата што ќе го чувствувате ќе ви биде како клетва. Дишете длабоко. Иако ќе ви биде потребна неверојатна трпеливост за да го надминете овој период, вие сте целосно способни да го направите тоа.

Водолија: Јули

Обично не им дозволувате на врските да ви го расипат расположението, но врските што ќе бидат тестирани во јули ќе го направат токму тоа. Ќе се појават проблеми од минатото и ќе бидат во центарот на вниманието, а вие ќе се чувствувате немоќно. Најдобриот начин да го надминете ова и да ги задржите врските е да бидете искрени и отворени за вашите проблеми и чувства.

Риби: Март

Живеењето со главата во облаци можеби ви помага да ги задржите надежта и оптимизмот, но понекогаш треба да се фокусирате и на реалноста. Во текот на март ќе се соочите со финансиски проблеми. Вашата природна реакција ќе биде да ги игнорирате и да почекате магично да исчезнат, но овој пат тоа нема да функционира. Треба да се фокусирате на вашите одговорности.

Погледнете и кој е најсреќниот месец од 2019-та година за секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар