Смешен хороскоп: Како (не) се извинуваат сите знаци?

Смешен хороскоп: Како (не) се извинуваат сите знаци?

Хороскопот може да има и смешна и забавна страна, која многу често е „погодена“ за секој знак до тој степен што многумина може целосно да се пронајдат во описот. Па, да разгледаме како секој од хороскопските знаци се извинува, или пак, не се извинува кога нешто ќе згреши.

Смешен хороскоп: Како (не) се извинуваат сите знаци?

Овен

„Жал ми е што одлучи да ме налутиш!“

Бик

„Престани да се лутиш, гладен сум, што ќе јадеме вечер?“

Близнаци

„Ако некако случајно излезе дека во одреден момент за нешто сум бил виновен, со тек на време ќе се извинам.“

Рак

„Повреден сум затоа што не ми ги прочита мислите дека се чувствувам лошо, иако тоа не го кажав. Ако во иднина можеш да поработиш на таа вештина, спремен сум да се извинам.“

Лав

„Жал ми е што си повреден, но да не си случајно љубоморен?“

Девица

„Жал ми е што така се чувствуваш, но ако го направеше тоа што ти реков да го направиш, сега не би биле во оваа ситуација. Се грижам за тоа како се чувствуваш, но, ти реков!“

Вага

„Жал ми е што сè сфати погрешно и реагираше пречувствително.“

Скорпија

*Штама…*

Стрелец

„Се извинувам за сите злобни и ужасни вистинити нешта што ги кажав.“

Јарец

„Искрено се надевам дека научи нешто од оваа лекција која беше доста болна и се надевам дека сега подобро ме разбираш.“

Водолија

„Кој ти рече да ми дозволиш да те повредам?“

Риби

„Знам дека бев виновен, ама признај дека и ти беше. Исто како кога во 4-то одделение за време на летувањето не ми позајми паста за заби. Жал ми е, но зошто!?“

Прочитајте и за кои 20 нешта никому не должите извинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар