6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

Летото полека ни чука на порта, а тоа значи дека е време за подготовки. Веројатно веќе планирате на која дестинација ќе отпатувате, а можеби и веќе сте си купиле нов костим за капење. Сигурно планирате да уживате во секој момент, но веројатно ќе сакате и да направите неколку епски фотографии, со коишто ќе ги зачувате убавите спомени засекогаш.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

Сигурно многу пати сте го разгледувале Инстаграм профилот на некоја блогерка за патувања и сте се запрашале како нејзините фотографии изгледаат како да се правени за некое списание!? Продолжете да читате, бидејќи 6-те совети коишто ќе ги прочитате во продолжение, ќе ви помогнат да направите одлични фотографии за на Инстаграм, кои ќе го популаризираат вашиот профил ова лето. Можеби со нив нема да станете инстант Инстаграм-ѕвезда, но дефинитивно ќе ви помогнат да направите неверојатни фотографии.

1. Истражете ја вашата дестинација

Доколку сакате да направите одлични фотографии за на Инстаграм, потребно е да направите добар план. Пред да пристигнете на вашата дестинација, можете да ја истражите на интернет, за да одлучите какви фотографии би сакале да направите. За таа цел, можете да ја користите опцијата на Инстаграм за пребарување по локација, за да побарате инспирација од други што патувале на таа дестинација. Исто така, преку оваа опција, ќе можете да откриете многу места коишто се вредни за фотографирање, за кои инаку можеби не би дознале во текот на вашето летување.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

2. Научете како да ја користите светлината

Светлината прави огромна разлика, во тоа дали фотографијата ќе испадне одлична или не. Дури и да е сè останато на фотографијата супер, лошото осветлување и сенките ќе ја уништат. Затоа, најдобро е секогаш да правите фотографии на природна светлина. Доколку фотографијата ја правите во внатрешни услови, гледајте да позирате во близина на прозорец, додека е светло надвор. Ако пак правите фотографии надвор, важно е да запомните дека на пладне Сонцето се наоѓа во својата највисока точка и таа светлина е најнеповолна за фотографирање. Фотографиите ќе ви блескаат во полн сјај, доколку ги правите во текот на т.н. „златен час“, периодот веднаш по изгревањето на Сонцето и непосредно пред неговото заоѓање.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

3. Вежбајте го вашето позирање

Ако вие сте предметот на фотографирање, потребно е да научите професионално да позирате, за да имате успешна Инста-фотка. За да го постигнете ова, ќе ви треба малку тренинг, но кога еднаш ќе ги извежбате, ќе успевате да направите фотографии коишто многу повеќе ќе ви се допаѓаат. Вежбајте ги вашите омилени пози пред огледало или понесете со вас триногалка за фотоапарат и фотографирајте се од повеќе различни агли. Движете го телото на разни начини, правете многу фотографии и сами дојдете до заклучок, во кои пози изгледате најдобро.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

4. Пронајдете ја вашата инспирација

На Инстаграм постои неограничен извор на инспирација, којашто ќе ви помогне да направите феноменални фотографии. На оваа социјална мрежа, навистина постојат огромен број професионални фотографи, туристички блогери и влијателни личности, коишто имаат совршени профили, па несомнено е дека имате безброј примери, коишто ќе ве инспирираат да го пронајдете вашиот стил. Разгледајте што прават другите, каде патуваат, како се фотографираат и откријте кои ви се можностите.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

5. Научете како да уредувате фотографии

Доколку научите како да ги уредувате вашите фотографии со некоја алатка, ќе ги одведете на едно повисоко, попрофесионално ниво. Сигурно, многу пати ви се случило да не можете да го овековечите на фотографија, она што го гледате пред вашите очи. Реалноста е дека фотоапаратите најчесто не успеваат да ги доловат сите нијанси и детали коишто ги гледате со голо око, па поради тоа уредувањето на фотографиите е многу важна работа. Нема потреба премногу да ги уредувате или да сте професионалец во Фотошоп, но сепак треба барем малку да ги средите фотографиите, доколку сакате да изгледаат свежо и живо. Прескокнете ги базичните филтри и разбудете ја вашата креативност со апликациите како што „Lightroom CC“ или „VSCO“.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

6. Вежбајте, вежбајте, вежбајте

Со вежбање се доаѓа до усовршување на која било активност, па така и Инстаграм-фотките не се исклучок од ова правило. Не е возможно да станете Инстаграм сензација преку ноќ, но многу е важно постојано да вежбате, доколку сакате да постигнете максимален резултат. За таа цел, продолжете да ги вежбате вашите пози и експериментирајте со различни агли. Одберете стил на фотографии, којшто ќе биде уникатен само за вас и уживајте во целокупниот процес. На крај на краиштата, фотографирањето е пред сè наменето за будење на креативноста и забавување.

6 совети со чија помош ќе правите фантастични Инстаграм-фотографии ова лето

Доколку ги следите овие совети, ќе си заминете од вашето летување со добри спомени и фотографии коишто го докажуваат тоа. Започнете со тренинг уште веднаш и подобрете ги вашите Инста-техники и фотки.

Може да ве интересираат да ги погледнете и кои се најдобрите Инстаграм профили за фитнес мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар