Оваа недела ќе биде одлична за следниве 3 хороскопски знаци!

Оваа недела ќе биде одлична за следниве 3 хороскопски знаци!

Изгледа дека оваа недела ќе донесе неверојатни моменти за Близнаците, Вагите и Скорпиите. Ако и вие сте родени во некој од овие знаци тогаш искористете ја енергијата на оваа недела до максимум и остварете си ги соништата!

Близнаци: Вие се чувствувате инспиративно и мотивирано да бидете креативни

Дали некогаш сте создале уметност што ви помогнала да се справите со нешто што ви тежело на градите? Дали некогаш сте си дозволиле себеси да се заљубите толку лудо што ќе ви го лансира срцето во вселената? Сè тоа е можно оваа недела, но исто така ќе мора и да го спуштите малку штитот и да прифатите сериозна промена. Не заборавајте, опседнувањето со одржување контрола ве остава немоќни. Ослободете се од нешто и гледајте како магични бумеранга се враќаат назад во вашата насока. Одберете една од вашите прекрасни идеи и почнете да ја остварувате!

Вага: Вие сте полни со моќ и висока самодоверба

Сите што велат дека растењето е лесно никогаш не пораснале. Токму во оние моменти кога се соочувате со оние делови од вас кои се тешки вие добивате вистинска јасност. Оваа недела, вие ја имате моќта да триумфирате над вашите слабости и да ги искористите вашите неуспеси како гориво. Совршеноста е досадна. Без грешките, вие нема да можете да бидете ни приближно толку мултидимензионални и автентични колку што сте. Вие сте вредни за сè што имате и за сè што мислите дека не заслужувате. Не заборавајте го ова!

Скорпија: Привлекувате многу позитивно внимание насекаде

Ова е магично време за вас, па затоа искористете ја моќната и позитивна енергија за ваша корист ова недела. Вие ги гледате нештата преку емпатични леќи, откривајќи подлабока креативност и чувство на одговорност што ви помага да ја завршите работата. Што и да е тоа што ве тера да се сомневате дека не можете да постигнете нешто е грешно. И покрај тоа што имате духови од вашето минато сè уште заробени во вашето срце, вие си помагате да се изборите со нив така што преземате акција. Посегнете по другите, уживајте во моментот и верувајте во себе. Нема причина да не го правите тоа.

Дознајте и за кои хороскопски знаци октомври ќе биде најдобриот месец во годинава!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар