Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Вага – Роузмари од филмот „Бебето на Роузмари“

Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Вагите често се перципираат себеси како жртва која никогаш не разбира зошто нешто ѝ се случува. Кон сите сте љубезни и драги, а другите поради тоа ве доживуваат како наивни. Понекогаш, едноставно, мора да бидете поостри и да не дозволувате другите да бидат супериорни кон вас.

Скорпија – Френк Н. Фуртер од филмот „Роки хорор шоу“

Сакате да си играте со умовите на другите луѓе и носите црна облека затоа што во неа се чувствувате особено ѓаволесто. Некои би ве опишале и како малку злобна личност, но вие тоа го правите на така „невин“ начин, па другите најчесто поради тоа и ве сакаат.

Стрелец – Морфеус од филмот „Матрикс“

Сте поминале низ сè во животот и сега сте онаа личност кај која сите доаѓаат за мудар совет и нови сознанија. За што и да станува збор, секогаш ја согледувате пошироката слика. Останете оптимисти и во најлошите ситуации.

Јарец – Индијана Џонс

Во целост предани, малку деконцентрирани и немилосрдни кога одите по тоа што го сакате или по она од што финансиски би профитирале. Вие во борбата со оружје носите пиштол, а не нож.

Водолија – Бетмен

Вие сте опасни, несфатени и живеете таен живот. Мечтаете по правда и одмазда, а повремено тоа и го постигнувате. Во вашиот живот недостига само еден Алфред Пениворт за да ви го покаже вистинскиот пат.

Риби – Роберт Ленгдон од филмот „Кодот на Да Винчи“

Понекогаш сте премногу фокусирани на тајните, подлабоките значења и мистериите. Ве привлекуваат неразбирливите кодови и тишината и би дале сè за да стигнете до „Светиот Грал“.

Ако сакате прочитајте и што се случува со вашиот знак во хорор филмовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар