Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

На духовит начин пробавме да ги опишеме знаците од Зодијакот кога би биле славни ликови од познатите филмови. Забавувајте се и вие и дознајте кој филмски јунак е всушност вашата сродна душа.

Овен – Дедпул

Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Сакате да носите црвена боја, па некои ви се потсмеваат поради тоа, но вие сте и опасен „фраер“ кој со својот шарм ќе го реши секој проблем. Имате неверојатна смисла за хумор и секогаш ја освојувате личноста која ви се допаѓа.

Бик – Роки Билбоа

Не се вели залудно „јак како бик“. Истрајниот и упорен Бик никогаш не се откажува и не се повлекува. Жилави сте, дури и по малку груби. Ништо не може да ве запре кога нешто ќе одлучите. Вие сте борец кој секогаш победува.

Близнаци – Том Ајсмен Казански од филмот „Топ Ган“

Тивки сте, склони кон незгоди и секогаш смислувате некоја замка. Можеби поради тоа луѓето понекогаш немаат доверба во вас. Сепак, со својот шарм и добронаклоност, на крајот ја решавате секоја ситуација.

Рак – Габриел од филмот „Константин“

Сакате работите да се одвиваат по план и да имате контрола над сè. Ве привлекуваат пријателства со по малку злобни личности, иако тоа не го признавате. Мислите дека сте над сè, но оние кои ве познаваат, попрво би ве опишале како налудничава личност.

Лав – Волшебникот од „Волшебникот од Оз“

Каде и да одите, сакате да пристигнете со стил и не ви пречи кога другите ве доживуваат како генијална и грозна личност. Баш како Волшебникот од Оз, и вие знаете да ги залажете сите околу себе, но тоа е само поради тоа што сакате да правите големи работи.

Девица – Миранда Присли од „И ѓаволот носи Прада“

На педантната Девица која секогаш тежнее кон совршенство, речиси никогаш не ѝ е нешто доволно добро. Тоа значи дека таа секогаш го бара само најдоброто. Вие сте најдобри во секој поглед и другите треба да научат да го ценат тоа.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар