Непотребното прашање на кое однапред му го знаете одговорот, но не сакате да си признаете

Честопати го знаете одговорот на прашањата кои длабоко и емотивно ве погодуваат, но сепак ги поставувате. Зошто го правите тоа дознајте во овој текст.

Прашањето „Дали ме сакаш?“ е излишно.

Човек чувствува кога е сакан. Но, кога не е така, се јавува потребата да се постави тоа прашање. Всушност, тоа е прашањето на кое личноста веќе му го знае одговорот, но не сака да си го признае тоа, за да не биде отфрлена. Па единствениот начин да продолжи понатаму е преку одржување лажна надеж дека љубовта сепак постои.

Зошто воопшто имате потреба да си давате лажна надеж? Може ли тоа да е заради суетата? Или заради неможноста „да се признае поразот“? Или пак, заради создадената илузија од која не сакате да се откажете? Можеби заради сето ова заедно?

Поставувачот на такво прашање е несигурна личност која сака да се ослободи од ваквата состојба без да сфати дека тој/таа всушност така ја продлабочува. Никогаш, ама никогаш нема потреба да поставите такво прашање.

Најдоброто нешто што може да го сторите е едноставно да се помирите со очигледната состојба и да ја прифатите таква каква што е. Да не си гаите лажни надежи за да не се создадат понатамошни илузии. И не го сметајте тоа за личен пораз.

Можете ли да го сакате секој партнер? Се разбира дека не! Па, зошто е толку неприфатливо кога некој ќе ја одбие вашата љубов?

Никој не е должен да ве сака вас, исто како што и вие не сте должни да ги сакате сите. Љубовта едноставно се чувствува и се случува или не. Тоа е животот. И отфрлањето на љубовта треба да се прифати и потоа да се продолжи понатаму. Треба да се стрпите, да почекате и да го препознаете моментот кога ќе се случи обострана љубов, со некој партнер што повеќе ви одговара.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна: Силната поврзаност на љубовта и вистината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар