Инспиративна и поучна листа на совети

Инспиративна и поучна листа на совети

Во 1933 година, познатиот автор Френсис Скот Фицџералд ѝ предал писмо на својата ќерка Скоти, во кое биле набројани работи за кои треба да биде загрижена, работи за кои не треба да се загрижува и најважно, работи за кои треба да размисли.

Инспиративна и поучна листа на совети

Работи за кои треба да се грижиш:

  • Треба да се грижиш за храброста.
  • Треба да се грижиш за чистотата.
  • Треба да се грижиш за ефикасноста.
  • Треба да се грижиш за трудољубивоста.

Работи за кои не треба да се грижиш:

  • Не треба да се грижиш за тоа што мислат другите.
  • Не треба да се грижиш за куклите.
  • Не треба да се грижиш за минатото.
  • Не треба да се грижиш за иднината.
  • Не треба да се грижиш за растењето.
  • Не треба да се грижиш за оние кои напредуваат пред тебе.
  • Не треба да се грижиш за победата.
  • Не треба да се грижиш за неуспехот, освен ако не е резултат на твоја грешка.
  • Не треба да се грижиш за комарците.
  • Не треба да се грижиш за инсектите.
  • Не треба да се грижиш за родителите.
  • Не треба да се грижиш за момчињата.
  • Не треба да се грижиш за разочарувањата.
  • Не треба да се грижиш за забавите.
  • Не треба да се грижиш за задоволствата.

Работи за кои треба да размислиш:

  • Која е мојата цел во животот?
  • Колку сум добра во споредба со моите врсници во врска со:
    • Образованието
    • Дали ги разбирам луѓето и дали можам да воспоставам добар и пријателски однос со нив?
    • Дали се грижам за моето тело или го запоставувам моето здравје?

Со најголема љубов,
Тато

Навистина прекрасна листа на совети што еден татко може да ѝ ја даде на својата ќерка. Истовремено, советите нè наведуваат на размислување и нè потсетуваат да застанеме барем за момент и да размислиме што е она што ни е најважно во нашиот живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.