Смешни начини на раскинување
Автор: Вики
„Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“
Најдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.
Без разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.

Еве неколку начини на смешно раскинување:
„Заборави ја љубовта, јас попрво би се заљубил/а во чоколадо.“
„Најпрво, после раскинувањето, ќе имаш слика за себе, како си сама на 57-58 години, шеташ во ноќница, со косата фатена во пунџа, можеби си библиотекарка, подгреваш супа за една особа и се грижиш за пајажините што растат во твојата утроба.“
-Убави девојки (1996)
„Не оди си лут, само оди си!“
„Не е до мене, до тебе е.“
„Мојот витез во сјаен оклоп испадна дека е губитник во алуминиумска фолија.“
„Јас добив прстен, тој доби прст.“
„Ако твојот мобилен телефон не ѕвони, тоа сум јас.“
„Јас сум толку мизерен/на без тебе, речиси исто како ти да си тука.“
„Зошто не одиш на некое поудобно место, како на пример во кома?“
„Омразата кон тебе ќе бара емоционална посветеност.“
„Разговарај со раката, ако имаш некои прашања – консултирај се со мојот среден прст.“
„Посакувам да бевме подобри непознаници.“
„Ако ти е тешко да си се изнасмееш на себеси, не грижи се, јас со задоволство ќе го направам тоа за тебе.“
„Подобро е да се љуби и да се загуби отколку да се живее со психо до крајот на животот!“
„Мислам дека треба да бидеме само пријатели.“
„Нова година, нова јас, истиот стар ти.“
„Се чувствувам многу подобро откако се откажав од надежта.“
Таа му раскинува, а тој и вели:
„Никогаш нема да најдеш некој како мене“
– Се надевам. Ако не те сакам тебе, зошто би сакала некој како тебе?“
„Кога ти треба маж е исто како кога ти треба падобран. Ако не е тука првиот пат кога ќе ти треба, шансите се мали дека ќе ти треба повторно.“
„Ако поминуваш низ пекол, продолжи да одиш.“
Кој е најинтересниот начин на кој вие сте откачиле некого или пак тој/таа ве оставил вас? Можеби имате нешто што сте сакале да му кажете на вашиот бивш/а, но не сте добиле прилика… испукајте се во коментарите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
