7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

Најверојатно на секој од вас му се има случено да прими некоја шокантна СМС-порака, но уште полошо е ако вие сте испраќачот на некоја таква. Ситуациите со лошите пораки можат да бидат екстремно непријатни и да доведат до сериозни последици кои тешко се преболуваат. Овие седум ситуации ги издвоивме како најкритични, кога најбезбедно би било да не притиснете „send“ на планираната СМС-порака.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки

1. Пијана порака

Најверојатно не постои личност која не испратила некоја „опасна“ СМС-порака во пијана состојба, но тоа е дефинитивно лоша идеја бидејќи наредното утро со сигурност ќе умирате од срам поради вашето непромислено однесување. Без разлика колку очајно сакате да му се јавите на вашиот бивш партнер и да му кажете колку ви недостига или сакате да му ги кажете на некој ваш непријател сите негативни работи кои ги мислите за него, верувајте дека тоа може да почека до наредното утро кога ќе знаете што зборувате.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки

2. Гневна порака

Текстуалните пораки пратени во моментот кога сте лути некому, е исто толку лоша идеја колку и пијаните пораки. Имајте на ум дека СМС-пораките нема да исчезнат во воздухот како изговорениот збор. Можете да негирате дека нешто сте кажале, но никогаш не можете да се расправате со некого кажувајќи дека вие никогаш не сте ги напишале тие грди зборови, кога постои доказ за нив. Кога губите контрола врз сопствените емоции, автоматски не можете да размислувате рационално. Затоа, доколку имате нешто кое сакате да му го кажете на вашиот партнер или пријател, разговарајте со него кога ќе бидете смирени.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки

3. Порака за сериозно извинување

Ако навистина сте ја зафркнале работата, праќањето СМС-порака за да кажете некому „извини“, едноставно нема да го реши проблемот. Секако доколку сте заборавиле да купите млеко или да му дадете храна на вашето милениче, пред да излезете од дома, во ред е да пратите порака за да известите некого. Но, доколку „не сакајќи“ сте се „смувале“ со другар/ка на вашиот партнер, праќањето порака за да кажете колку ви е жал, не е доволно и навистина фрустрира. Спуштете го телефонот на маса, фатете такси и појдете да се извинете лице в лице, бидејќи тоа е единствениот начин.

4. СМС-известување до шефот дека сте болни

Никогаш, ама баш никогаш немојте да го правите ова, ако ви е битно да ја задржите вашата работа. Праќањето СМС-порака до вашиот шеф во која пишува дека сте болни, нему ќе му звучи исто како да му кажувате „денес некако не ми се доаѓаше баш на работа“. Секогаш практикувајте да му се јавите на шефот за да бидете поуверливи дека навистина не ви е добро, а доколку сте премногу болни за да зборувате, замолете го вашиот партнер или некој пријател да го стори тоа место вас.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки

5. Прашање до вашиот професор преку СМС

Доколку сте студент и некако сте дошле до мобилниот телефон на некој ваш професор, немојте да го злоупотребувате тоа со праќање СМС-порака, во која го прашувате нешто во врска со материјалот или тестот. Всушност, избегнувајте воопшто да праќате порака на професор преку мобилен. Ако имате некои прашања, пратете му имејл и закажете консултации на кои разговорот ќе биде појасен и поефикасен. На овој начин вашиот многу зафатен професор нема да треба да потроши цел век, пишувајќи ви долги СМС-пораки за да ви одговори на прашањето.

6. Порака во која барате некоја огромна услуга

Праќањето СМС-порака до пријател, во која пишува дека барате некоја огромна услуга, е исто како да признавате дека сте знаеле дека нема да го направи тоа што го барате, но секако сте си прашале. Исто како со пораките за извинување, овој тип на барање најдобро е да се направи лице в лице, а доколку чувствувате дека не можете, најдобро воопшто не ја барајте услугата.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки

7. СМС со кој ставете крај на вашата врска

Раскинување на вашиот љубовен партнер преку СМС, стана навистина клише, но немојте да го правите тоа. Раскинувањата се тешки, но многу е важно да не го одберете полесниот пат, со тоа што ќе напишете пораче со кое набрзина ќе завршите работа, бидејќи можете навистина да ги повредите чувствата на оној со кој до пред малку сте биле во врска. Без разлика дали партнерот ве сакал доволно или не, ве заслужувал или едноставно не бил ваш тип, вие ќе бидете подобра личност, со цврст карактер доколку кажете сè што имате да му кажете в лице.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар