Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставички
Салата која ќе можете да ја послужите како додаток на трпезата, да ја ставите во сендвич, тако или да ја јадете во комбинација со ориз…
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 260 мл мајонез
- 150 г корнишони, сечкани
- 1 помал кромид
- 3 лажички свежо исечкан босилек
- 1 лажица рен
- 2 лажички сенф
- 1 лажичка кечап
- 1 лажичка чили
- ¾ лажиче вустершир сос
- ¾ лажиче црвен пипер
- 2 чешниња лук, ситно исечкани
- сок од 1 лимон
- зрна од 4-5 клавчиња или една кеса замрзната пченка
Начин на подготовка:
1. Најпрво, меко сварете ги јајцата. Варете ги 4 минути, а потоа префрлете ги во сад со ладна вода, каде што ќе ги оставите да поседат 5 минути, а потоа излупете ги.
2. Паралелно, ставете ја пченката да се вари.
3. Во поголем сад помешајте ги сите состојки, а јајцата мешајте ги со помош на жица за матење за убаво да се соединат со останатите состојки.
4. На крај додадете и ја и пченката како и сол по вкус.
Напомена: доколку ја чувате постојано на ладно, салатата може да издржи и до 5 дена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
