Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

После многу кавги и неслога помислувате дека прекинувањето на врската е единствено решение? Не брзајте со донесување на вакви одлуки. Ова се прашањата кои треба да си ги поставите доколку размислувате за крај.

Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

Дали партнерот е причина за мојата состојба?

Стресот и нервозата може да нè натераат да избрзаме со нашите постапки. Доколку се чувствувате лошо не барајте ја веднаш вината во вашиот партнер. Некогаш поради проблеми од секојдневието, со факултетот или работата, се чувствуваме лошо и мислиме дека сè тргнало по ѓаволите, па често знаеме бесот да го истуриме на партнерот. Доколку се чувствувате лошо размислете дали партнерот ви стои на патот кон среќата и задоволството или други проблеми ве натерале да размислувате дека на вашата врска ù нема спас.

Колкава е празнината помеѓу нас?

Понекогаш претеруваме со нашите очекувања и забораваме дека никој не е совршен, па не сме ни ние. Често ни се наметнуваат прашања како: „Дали уште постои страст меѓу нас?“ или „Дали сè уште физички ме привлекува?“ и можат да влијаат многу врз начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки. Најчесто овие прашања и дилеми се појавуваат поради сексуално незадоволство или недостиг на комуникација. Пробајте да ги подобрите овие аспекти, потрудете се, не кревајте веднаш раце од сè.

Дали неговите/нејзините лоши навики би можел/а да ги поднесам?

Секој си има иритирачки навики, но некогаш е добро да направите компромис. Размислете дали станува збор за нешто за што вреди да направите компромис, навика која ве нервира, но би можеле да ја прифатите со цел вашата врска да опстане. Едно е да бидете на сосема различна бранова должина во интересите и сфаќањата, а сосема друго е да донесете одлука базирана на моментална нервоза. Некогаш е жално да прекинете врска во која сте вложувале и сте се труделе само поради моментална фрустрација.

Дали имам резервирано време за самиот/самата себе?

Можеби сè што ви треба е да бидете сами со себе. Одвојувате еден час од денот кога ќе бидете сами, одете на прошетки и пешачење, разбистрете си ги мислите. Вашиот партнер можеби ви одговара, но се чувствувате задушени. Издвојувајте си време за себе. Можете дури и самите да заминете на викенд на некое тивко место и добро да размислите пред да ја донесете одлуката.

Дали сум подготвен/а да бидам без него/неа?

Факт е дека не знаеме што имаме сè додека не го изгубиме. Кога ќе сфатиме дека нештото или личноста би можеле да ја изгубиме засекогаш, можеби ќе знаеме да ја цениме повеќе. Замислете си каков би бил вашиот живот без вашиот партнер? Се гледате себеси како посреќни и поуспешни?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар