Љубовници или партнери од навика?

Понекогаш е навистина тешко да останете поврзани со партнерот. Со текот на времето многу парови престануваат да му даваат приоритет на времето поминато заедно и од љубовници полека стануваат партнери од навика.

Љубовници или партнери од навика?

Премногу изненадувања

Повремените изненадувања во врската се добредојдени. Но, ако сè почесто сте изненадени од неговите постапки и зборови, тоа би можело да значи дека неговите ставови и приоритети се менуваат. Ако ја препознаете оваа промена кај него, обидете се да се гледате почесто и не заборавајте да го прашате како е и што има ново.

Немате заеднички пријатели

Во текот на врската нормално е извесно време да бидете разделени, но не е нормално вие и вашиот партнер да патувате одделно или секој со своите пријатели. Така никогаш нема да дознаете како тој навистина се однесува кога не е само со вас. Но и за ова постои решение. Поканете неколку негови пријатели на вечера. На тој начин машката забава ќе биде во вашиот дом, а вие ќе ги запознаете неговите пријатели.

Комуникација преку пораки

Ако вашата комуникација се одвива главно преку пораки оставени на фрижидерот или во вид на листи за работи кои мора да ги направите, тогаш повеќе од сигурно е дека покрај вас имате цимер, а не романтичен љубовник. Наместо тоа, вратете ја вашата врска назад, на врвот на списокот на одговорности. Поразговарајте со партнерот за секојдневните работи, а потоа запрашајте се еден со друг како напредува вашата врска.

Љубовници или партнери од навика?

Без расправање

Дури и најзаљубените парови не се согласуваат и се расправаат од време на време. Ако никогаш до сега не сте се скарале со партнерот, тоа е знак дека еден од вас е емоционално повлечен. Но тоа не значи дека намерно треба да започнувате кавги. Посветете внимание на вашите чувства и забележете дали можеби го игнорирате незадоволството.

Не знаете за неговото хоби

Ако тој собира сè што е поврзано со неговиот омилен филм, а вие сè уште не знаете кој е неговиот филмски херој, тогаш пропуштате важен аспект на врската. Не мора да бидете дел од неговото хоби, но покажете дека го цените она за кое тој се интересира.

Сè помалку секс

Ако сексот е нешто што го добивате само за време на роденден или годишнина, тогаш прескокнувате една од најголемите придобивки кои ги носи споделувањето на креветот. Физичкиот допир е моќен начин на поврзување на зафатените парови, а неговото отсуство може да биде причина за незадоволство и лоша комуникација. Затоа држете се за раце колку што е можно почесто и прегрнувајте се најмалку четири пати дневно.

Љубовници или партнери од навика?

Непрепознавање на знаците

Ако сте нервозни веќе подолго време, а тој сè уште не го сфатил тоа, можно е да имате проблем со невербалната комуникација. Не обидувајте се да се извлечете со познатиот изговор дека тој би требало да знае што ве вознемирува затоа што очигледно е дека не знае. Не чекајте тој самиот да разбере, туку кажете му јасно и гласно.

Веќе не е забавно

Состаноците се тие кои ќе ви помогнат на интересен начин да ја прославите врската. Ако веќе некое време ги заменувате состаноците со целовечерни филмски маратони, тоа е знак дека сега сè помалку ја цените врската. Вратете ја забавата назад и испланирајте специјална вечер. Направете нешто што не сте го направиле порано. Отидете во нов ресторан или едноставно само прошетајте во некој непознат дел од градот.

Споделувајте

Разговорите за вашите тајни желби, но и за иднината на врската, се многу важни за поврзувањето со партнерот. Започнете разговор за она што ви е заедничко, а потоа преминете на личните работи. Споделете ги сопствените стравови и надежи. Потсетете се на старите добри времиња и на начинот како сте се запознале. Не заборавајте да поделите и комплименти.

Љубовници или партнери од навика?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар