Подводен хотел – чудо на модерната архитектура во Дубаи

Иако Дубаи може да се пофали со многу чуда на модерната архитектура, сепак наскоро ќе добие и свој хотел под вода. Кога говориме за револуционерен дизајн во архитектурата, Дубаи е сигурно првото нешто што ни поминува низ глава. Таму веќе се наоѓа „Бурџ Калифа“, највисоката зграда во светот, но и островите во форма на палма и во форма на светот.Подводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПокрај сите чуда кои ги имаат во овој град, не е никакво чудо што набрзо ќе направат и подводен хотел. Половина од хотелот ќе биде под вода, а другата половина над површината на водата. Хотелот ќе се вика „Water Discus Hotel“ и ќе биде изграден во облик на летечка чинија. Собите ќе бидат направени од стакло и ќе се наоѓаат под нивото на водата.Подводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиДвете „летечки чинии“, ќе бидат поврзани со столбови, а во еден од нив ќе има лифтови за гостите да можат да се спуштат на горното или на долното ниво. Горниот диск ќе биде изграден доволно високо да ги издржи сите налети од цунами или од поплави, а долниот диск ќе може да се крене над површината во случај на каква било опасност.  За жал компанијата „Deep Ocean Technology“ која го гради овој хотел не ќе може да ја крене титулата за прв подводен хотел, бидејќи таков веќе има на Малдивите.Подводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во ДубаиПодводен хотел - чудо на модерната архитектура во Дубаи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Vesna Reply

    Vo DUBAI se’ ke napravat pefektno. Niv im veruvam deka sto ke zamislat se’ ke bide fenomenalno. Se uveriv na lice mesto.

Остави коментар