Звучи лудо, но ако го ставите вашиот џемпер во замрзнувачот на една ноќ, резултатот ќе ве воодушеви: Тоа го решава најголемиот зимски проблем!

Сезоната на џемпери е отворена, а сите сме се сретнале со најнезгодниот проблем поврзан со нив – нивното боцкање.

Вообичаено ги оставаме во плакарот и избегнуваме да ги облекуваме освен ако навистина немаме друга опција, но постои и начин како да го претворите и најбоцкавиот џемпер во меко и удобно парче облека за уживање во зимските денови.

Она што треба да направите е да го омекнете вашиот џемпер. Неговите влакна се груби и затоа боцкаат. Потопете го проблематичниот џемпер со оцет и вода и оставете да отстои 20 минути. Исцедете го и оставете го да се исуши. Не заборавајте, не треба да го оставате џемперот да виси при сушењето, затоа што така ќе се растегне. Оцетот ќе ја омекне секоја ткаенина и ќе го освежи џемперот.

А, еве и уште еден трик, ставете го џемперот да преноќи во замрзнувачот. На тој начин влакната што боцкаат ќе останат на едно место и нема да имате проблем. А на тој начин ќе се ослободите и од молците и нивните јајца, кои можеби случајно останале во џемперот.

Можеби сакате да прочитате и за овие 4 трика со кои вашата стара облека ќе изгледа како нова.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар