Заборавете на шопингот: 4 трика како вашата стара облека да изгледа како нова

Лесно е да се зборува за модните трендови и лесно е да се советуваат девојките што е модерно, што треба да имаат во гардероберите, како да го комбинираат тоа и да остварат најдобар ефект, лесно е да се зборува за сето тоа кога имаме полни гардеробери токму со нови парчиња облека која дошла директно од Инстаграм и Пинтерест. А, што кога немаме толкава количина облека и кога ни е тешко да ги следиме трендовите, кога имаме стара гардероба која не е ниту модерна, но не и толку лоша, туку нешто помеѓу? Тогаш треба да се сетите дека добриот стил не се купува, туку се гради и да се обидете вашата стара гардероба да ја стилизирате така да изгледа ново, поразлично и никако монотоно и веќе видено. Еве неколку трикови.

1-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

1. Слој по слој

Слоевитото облекување е доста популарно, а всушност не ви е потребна толку многу нова облека за да го следите овој тренд кој е атрактивен, но и прилично практичен за променливото време. Што е во игра? Фустан врз кој ќе облечете блуза или кошула, кошула врз која ќе облечете елек, блуза врз која ќе облечете фустан и така во круг. Ќе изгледате освежено и модерно, а не сте купиле ништо.

2-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

3-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

2. Подвиткајте ги ногавиците

Да преминеме на панталоните. О да, тие фармерки сте ги носеле толку многу, но ајде да направите нешто со нив што ќе направи да изгледаат како сосема нов пар панталони. И знаете што е доволно да направите? Само подвиткајте ги ногавиците! Панталоните веќе изгледаат поразлично, зар не? Ако ова ви е малку, додајте интересен каиш или на панталоните зашијте бисери, залепете некои апликации, искинете ги на одредени места… Бидете креативни!

4-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

3. Направете нешто со кошулата

Блузата или кошулата кои само паѓаат преку долниот дел од гардеробата е нешто досадно и веќе видено. Краевите на она што го носите горе можете да ги врзете на струкот, а можете делумно да ги вовлечете во здолништето или панталоните. Сега е веќе подобро.

5-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

4. Балансирајте

Балансирајте со стиловите – спојте искинати фармерки и елегантно сако. Но, балансирајте и со самата облека која ја имате. Одвреме-навреме сигурно купувате нешто ново, а потоа новото комбинирајте го со старото за да добиете нов изглед. Секако, станува збор за нова комбинација кога ќе додадете само еден нов детаљ. Освежете го баш секое старо парче облека кое го имате со само една нова кошула.

7-zaboravete-na-shopingot-4-trika-kako-vashata-stara-obleka-da-izgleda-kako-nova-www.kafepauza.mk_

Најдобро е да инвестирате пари во класични парчиња облека, па токму затоа погледнете кои парчиња облека секогаш се во мода. 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Занимливо, благодарам <3

Остави коментар