Што сè може да се види во очите?

Што сè може да се види во очите?

Уште од античко време има изрека дека очите се огледало на душата. Екхард Хес, поранешен шеф на Катедрата по психологија на Универзитетот во Чикаго и пионер во студиите по пупилометрија, открил дека зениците го менуваат изгледот во зависност од општата состојба на поединецот. Тие се зголемуваат кога нешто делува стимулативно врз луѓето.

Хес открил дека зениците кај хетеросексуалните мажи и жени се прошириле кога им биле прикажани разголени фотографии од спротивниот пол и се стесниле кога станувало збор за фотографии од ист пол. Истите резултати биле постигнати и при гледање пријатна и непријатна содржина. Хес открил и дека дилатацијата (проширувањето) на зениците се јавува и при решавање на проблеми, достигнувајќи го својот максимум во моментите кога некое лице ќе дојде до конечното решение.

Во светот на рекламирањето, познато е дека моделите на фотографиите се многу попривлечни кога имаат пошироки зеници. Ова е особено евидентно при продажба на производи што користат крупен план од женско лице на рекламите, како што се козметиката, производите за нега на коса и облеката.

Кога жените и мажите се запознаваат меѓусебно, широчината на нивните зеници е одлучувачка при создавањето на блиски релации. Колку пошироки се зениците, толку е поголема можноста да се вљубат. Затоа, не е ни чудо, што романтичните моменти се почести во простории во кои има слабо осветлување затоа што паровите добиваат чувство дека се грижат едни за други. Кога љубовниците се гледаат во очи, тие несвесно гледаат колку се раширени нивните зеници, со тоа проширените зеници кај едниот, го стимулира проширувањето на зениците и кај другиот.

Студиите покажале дека кога им се прикажале порнографски материјали на мажите, зениците се прошириле за трипати. Наспроти тоа, зениците на жените најмногу се прошириле кога им биле прикажани сцени од мајки со своите бебиња. Децата и бебињата имаат природно пошироки зеници отколку возрасните. Ова е една од причините зошто најпродаваните детски играчки обично имаат многу големи зеници.

Можеби сакате да прочитате и за првото долгорочно истражување кое покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар