Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани

Пред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!

Можеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

3. Таа најдобро ве прегрнува

Зошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него

Зарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас

Таа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените

Едно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа

Обожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

8. Таа никогаш не ве одбива

Вие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

9. Вашиот однос не вклучува секс

Бидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

10. Никогаш нема да „раскинете“

Не треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

11. Не постои притисок за подарок

Одеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска

Дали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“

Па, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата

Вие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас

Наместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!

Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Dreamchaser Reply

    Dorian Gray е лик од друга книга и сериски филм, ликот од 50 Shades се вика Christian Grey.. =)))

Остави коментар